
Латино ѕвездата Шакира може да каже збогум на секси сцените во спотовите кои вклучуваат мажи, бидеќи нејзиниот партнер Џерар Пике, со кој го има синот Милан, и забранил да снима жешки сцени со згодни манекени.
Таа во интервјуто за магазинот “Billboard” истакна дека заради неговата љубомора, наместо секси манекен, ја повикала Ријана, за која неодамна истакна дека е најсексиплната жена во светот.
– Посесивен е. А бидејќи ми забрани да снимам спотови со мажи, морам да ги снимам со жени – истакна Шакира.
– Добро, не дека ми забрани, но тоа некако се подразбира. Дури ми ласка што е така заштитнички настроен. Мислам дека Ријана е единствената личност на кој би и дозволил да ми ги милува колковите – изјави пеачката која пред неколку години во спотот за песната Gypsy се љубеше и мазеше со Рафаел Надал.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Шок во Бордо: Суботиќ во бесознание, доби удар од голманот на Ст.Етјен
-
Кузмановска: Неспособната власт ги задолжи граѓаните за нови 21,1 милион евра
-
И јас трпев насилство од поранешниот партнер: Министерката си ја отвори душата!(видео)
-
Руси масовно дрифтаат во снег, ни полицијата не им може ништо (Видео)


