| четврток, 6 декември 2018 |

Збогум згодни мажи – Пике ѝ забрани на Шакира мажи во спотови

 

sakira

Латино ѕвездата Шакира може да каже збогум на секси сцените во спотовите кои вклучуваат мажи, бидеќи нејзиниот партнер Џерар Пике, со кој го има синот Милан, и забранил да снима жешки сцени со згодни манекени.

Таа  во интервјуто за магазинот “Billboard” истакна дека заради неговата љубомора, наместо секси манекен, ја повикала Ријана, за која неодамна истакна дека е најсексиплната жена во светот.

– Посесивен е. А бидејќи ми забрани да снимам спотови со мажи, морам да ги снимам со жени – истакна Шакира.

– Добро, не дека ми забрани, но тоа некако се подразбира. Дури ми ласка што е така заштитнички настроен. Мислам дека Ријана е единствената личност на кој би и дозволил да ми ги милува колковите – изјави пеачката која пред неколку години во спотот за песната Gypsy се љубеше и мазеше со Рафаел Надал.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top