Челниците на Интер се заинтересирани за услугите на германскиот репрезентативец во редовите на Арсенал, Лукас Подолски. Од управата на клубот соопштуваат дека Подолски, кој оваа година добива мала минутажа од Арсен Венгер, може да си замине од клубот ако некој плати околу 13,3 милиони евра.
Претседателот на клубот од Милано, Ерик Тохир, е заинтересиран да го види во своите редови Германецот.
Подолски за Арсенал оваа сезона само еднаш одигра цел натпревар, а пет пати беше стартер. Венгер повеќе доверба во нападот има во Оливие Жиру и во Јаја Саного.
По потпишувањето со Немања Видиќ, Интер сѐ повеќе е заинтересиран кон услугите на играчи кои настапуваат во Премиер-лигата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.