| четврток, 6 декември 2018 |

Изложба во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија

muzej na holokaust

Во Меморијалниот центар на холокаустот на Евреите од Македонија в понеделник во 19 часот ќе биде отворена ликовната изложба „Нови сведоци на холокаустот 3“ по повод 71 година од депортацијата на 7.144 македонски Евреи во логорот на смртта Треблинка, во окупирана Полска за време на Втората светска војна.

Настанот е во организација на Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија и во соработка со Меморијалниот центар „Јад Вишем“ од Ерусалим, а е дел од поширок проект кој се реализира веќе три години.

Изложбата ќе ја отвори Сара Ајник, уметник од Израел и директор на проектот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top