| четврток, 6 декември 2018 |

„Ми се допаѓа“ – за глас или залажување

Во Ма­ке­до­ни­ја ни­кој не пра­ви стра­те­ги­ја за ко­ри­сте­ње на со­ци­јал­ни­те мре­жи иа­ко, спо­ред искус­ни­те со­ци­јал­ни ме­на­џе­ри, не­ма ре­зул­та­ти без до­бро вла­де­е­ње на оваа проб­ле­ма­ти­ка

До­а­ѓа­ат из­бо­ри, но во Ма­ке­до­ни­ја ка­ко ни­што да не се слу­чу­ва. Не­ма рек­ла­ми на ТВ, не­ма рек­лам­ни па­ноа со нас­ме­а­ни ли­ца, ле­па­чи на пла­ка­ти кои се те­па­ат за се­ко­ја бан­де­ра, не­ма ком­шии што те пра­шу­ва­ат за ко­го ќе гла­саш. Из­бо­ри­те ста­на­ле вир­ту­ел­ни. „Фејс­бук“ е пре­полн со ко­мен­та­ри, „ми се до­па­ѓа“, ви­деа…, сер­ве­ри­те пу­ка­ат. Кој не са­ка, не мо­ра да гле­да, чи­та или слу­ша.

Ова не е из­ве­штај од бли­ски­те пре­тсе­да­тел­ски из­бо­ри, ту­ку сво­е­ви­ден за­пис од ид­ни­на­та. Зар не би би­ло до­бро ко­га сѐ би се слу­чу­ва­ло на го­ле­ма­та со­ци­јал­на мре­жа? Да мо­же­те да наб­љу­ду­ва­те што се слу­чу­ва од ва­ши­от комп­ју­тер, ко­га са­ка­те и ка­ко са­ка­те, или, пак, да ги пра­ша­те кан­ди­да­ти­те ко­га мис­лат да ви ја по­пра­ват ули­ца­та.

Те­о­рет­ски, ва­ка би изг­ле­да­ле из­бо­ри во Ма­ке­до­ни­ја што се во­дат на „Фејс­бук“, она­ка ка­ко што би са­ка­ла да ги до­бие про­фе­сор­ка­та Бил­ја­на Ван­ков­ска. Но, да­ли е мож­но тоа? Кол­ку вир­ту­ел­на­та ре­ал­ност има до­пир­ни точ­ки со ствар­но­ста? Или, да­ли мо­же да се слу­чат во Ма­ке­до­ни­ја из­бо­ри на „Фејс­бук“ по поз­на­ти­от при­мер на Ба­рак Оба­ма ко­га прв­пат бе­ше из­бран за пре­тсе­да­тел на САД во 2008 го­ди­на?

 

Си­те го ко­ри­стат, ни­кој не­ма стра­те­ги­ја?

Во Ма­ке­до­ни­ја ни­кој не пра­ви стра­те­ги­ја за ко­ри­сте­ње­ на со­ци­јал­ни­те мре­жи иа­ко, спо­ред искус­ни­те со­ци­јал­ни ме­на­џе­ри (та­ка се на­ре­ку­ва­ат струч­ња­ци­те за ко­ри­сте­ње на со­ци­јал­ни­те мре­жи во мар­ке­тин­шки це­ли, ра­бо­та ко­ја во све­тот е мош­не до­бро пла­те­на), не­ма ре­зул­та­ти без до­бро вла­де­е­ње на оваа проб­ле­ма­ти­ка. Во Ма­ке­до­ни­ја ни­кој не ги ко­ри­сти ни ап­ли­ка­ци­и­те за гла­са­ње што ги соз­да­де „Фејс­бук“, ка­ко „мај во­ут“ или „ај во­ут“. По­ли­ти­ча­ри­те има­ат свои про­фи­ли и за­се­га се шпе­ку­ли­ра де­ка пла­ќа­ат на раз­но­раз­ни гру­пи на „Фејс­бук“ со го­лем број „ми се до­па­ѓа“ за об­ја­ву­ва­ње нив­ни об­ја­ви. Ова се пра­ви за да се зго­ле­ми бро­јот на до­па­ѓа­ња. Но, тоа не е стра­те­ги­ја, ту­ку, по­ли­тич­ки ка­жа­но, ку­пу­ва­ње гла­со­ви. Ка­ко и ин­тер­нет­ски­те ме­ди­у­ми, и по­ли­ти­ча­ри­те не­ма да по­стиг­нат ни­што со ова „ку­пу­ва­ње гла­со­ви“ би­деј­ќи „Фејс­бук“ пред два ме­се­ца го огра­ни­чи оп­се­гот на чи­та­ност без раз­ли­ка кол­ку­ми­на клик­на­ле на ико­на­та „ми се до­па­ѓа“.

Стра­те­ги­ја не пра­ват ни фир­ми­те за ан­ке­ти­ра­ње, ка­ко Ин­сти­ту­тот за по­ли­тич­ки истра­жу­ва­ња – Скоп­је. Ба­рем та­ка ве­ли Вла­ди­мир Бо­жи­нов­ски, ко­ор­ди­на­тор на овој ин­сти­тут.

Dosie78-4

Вир­ту­ел­на илу­зи­ја

Ако се пог­лед­нат про­фи­ли­те на по­ли­ти­ча­ри­те на „Фејс­бук“, се до­би­ва впе­ча­ток де­ка бро­јот на под­др­жу­ва­чи од­го­ва­ра на нив­ни­от по­ли­тич­ки реј­тинг. Се­ка­ко, прв е пре­ми­е­рот Ни­ко­ла Гру­ев­ски, кој не­о­дам­на прос­ла­ви 120.000 „ми се до­па­ѓа“. Овој по­да­то­кот е ин­те­ре­сен ако се зе­ме пред­вид де­ка ВМРО-ДПМНЕ има 160.000 чле­но­ви. Но, проб­ле­мот со ин­тер­нет­ски­те под­др­жу­ва­чи е во тоа што „ми се до­па­ѓа“ не зна­чи и ви­стин­ско под­др­жу­ва­ње, ту­ку мо­же да би­де са­мо жел­ба на не­кој ко­рис­ник да до­би­ва ин­фор­ма­ции за не­кој по­ли­ти­чар на сво­јот ѕид. Та­ка што не би би­ло чуд­но ме­ѓу тие што клик­на­ле кај Гру­ев­ски „ми се до­па­ѓа“ да има чле­но­ви и сим­па­ти­зе­ри на СДСМ и на дру­ги пар­тии на опо­зи­ци­ја­та. Ова исто­то ва­жи и за Зо­ран За­ев, пре­тсе­да­тел на СДСМ, кој има двој­но по­мал­ку „ми се до­па­ѓа“ од Гру­ев­ски. Единс­тве­на пред­ност на За­ев е што на не­го­ви­от про­фил има по­ве­ќе ко­мен­та­ри (12.000) во од­нос на Гру­ев­ски (10.000). Но, осо­бе­но е чу­ден по­да­то­кот што бро­јот на тие што им се до­па­ѓа е сли­чен со бро­јот на чле­но­ви на СДСМ. Нај­го­ле­ма­та опо­зи­ци­ска пар­ти­ја твр­ди де­ка има 60.000 чле­на, но мно­гу­ми­на ја ос­по­ру­ва­ат таа број­ка, ре­ал­на­та е де­ка СДСМ има око­лу 40.000 чле­на. Да­ли СДСМ има по­ве­ќе сим­па­ти­зе­ри од чле­но­ви или членс­тво­то на ВМРО-ДПМНЕ еп­тен са­ка да сле­ди сѐ за нив­ни­от нај­го­лем по­ли­тич­ки про­тив­ник? Ова е ед­на од мно­гу­те ин­фор­ма­ции што лес­но мо­жат да го збу­нат наб­љу­ду­ва­чот на по­ли­тич­ка­та би­тка што се во­ди на ин­тер­нет.

Тоа што е за­ед­нич­ко и на две­те стра­ни е што ни­кој офи­ци­јал­но не од­го­ва­ра на пра­ша­ња­та до овие по­ли­ти­ча­ри. Би се рек­ло де­ка нив­ни­те стра­ни­ци по­сто­јат са­мо по­ра­ди мо­да.

Dosie78-2

Dosie78-3

 

Ка­ко со­ци­јал­ни­те мре­жи ја сме­ни­ја свет­ска­та по­ли­ти­ка

Во све­тот при­каз­на­та е со­се­ма дру­га. Со­ци­јал­ни­те мре­жи про­пис­но го сме­ни­ја по­ли­тич­ко­то од­не­су­ва­ње. Ка­ко пр­во, при­ста­пот до по­ли­ти­ча­ри­те е мно­гу по­ле­сен. На­ме­сто гла­са­чи­те да гле­да­ат те­ле­ви­зи­ја, тие се­ко­гаш мо­жат да се вклу­чат на мре­жа­та и да ги ви­дат си­те ин­фор­ма­ции за кан­ди­да­ти­те. Тие, во­ед­но, мо­жат ди­рект­но да ко­му­ни­ци­ра­ат со нив, по­сто­јат по­себ­ни ти­мо­ви на нив­ни со­вет­ни­ци што од­го­ва­ра­ат на си­те пра­ша­ња на гла­са­чи­те. Во ни­кој слу­чај не­ма бло­ки­ра­ње на ко­рис­ни­ци­те, не­што што се­га ка­ко бу­ме­ранг ѝ се вра­ќа на про­фе­сор­ка­та Ван­ков­ска. Таа се­га е пред­мет на ше­ги на со­ци­јал­на­та мре­жа би­деј­ќи има­ше пра­кти­ка да бло­ки­ра го­лем дел од неј­зи­ни­те при­ја­те­ли на „Фејс­бук“ од раз­лич­ни при­чи­ни. Вто­ра­та го­ле­ма про­ме­на ко­ја му се при­пи­шу­ва на „Фејс­бук“ е по­лес­но­то гра­де­ње стра­те­ги­ја за из­бо­ри­те. По­ли­тич­ки­те стра­те­зи до­би­ва­ат мо­мен­тал­на ре­ак­ци­ја на про­гра­ма­та на по­ли­ти­ча­рот ко­ри­стеј­ќи ап­ли­ка­ции ка­ко што е „Виз­дом“. Оваа ап­ли­ка­ци­ја не доз­во­лу­ва ед­ни исти ко­рис­ни­ци да го гра­дат јав­но­то мис­ле­ње на „Фејс­бук“, ка­ко што е слу­чај во Ма­ке­до­ни­ја, ка­де што по­ли­тич­ки­те пар­тии ан­га­жи­ра­ат по­е­дин­ци по­сто­ја­но да ко­мен­ти­ра­ат на ин­тер­нет, те­рај­ќи ја ди­ску­си­ја­та кон „во­де­ни­ца­та“ на пар­ти­ја­та. Тре­ти­от мо­мент е из­ме­сту­ва­ње­то на по­зи­ци­ја­та на кла­сич­ни­те ме­ди­у­ми, кои се­га по­ве­ќе из­ве­сту­ва­ат за тоа што се слу­чу­ва на го­ле­ма­та мре­жа. По­ли­ти­ча­ри­те, на­ме­сто да да­ва­ат из­ја­ви за нив, сво­јот став го об­ја­ву­ва­ат на со­ци­јал­ни­те мре­жи. Тоа ги те­ра кла­сич­ни­те ме­ди­у­ми да из­ве­сту­ва­ат за трен­до­ви­те на­ме­сто да тра­га­ат по но­ви при­каз­ни и пра­ви из­ве­сту­ва­ње­то од из­бо­ри­те да има т.н. реф­ле­кти­вен ка­ра­ктер. Че­твр­та­та про­ме­на е во зго­ле­ме­но­то учес­тво на мла­ди­те во по­ли­тич­ки­те кам­па­њи. Тоа осо­бе­но го по­ка­жу­ва­ат број­ки­те во САД, ка­де што учес­тво­то на мла­ди­те гла­са­чи е трој­но зго­ле­ме­но. Пет­та­та го­ле­ма про­ме­на, ко­ја по­не­ко­гаш се слу­чу­ва и кај нас, е ор­га­ни­зи­ра­ње­то про­те­сти. Во све­тот ова го поч­на гру­па­та на­ре­че­на „Еден ми­ли­он гла­со­ви про­тив ФАРК“ од Ко­лум­би­ја. Ре­зул­та­тот бе­ше сто­ти­ци ил­ја­ди про­те­стан­ти на ули­ца. Де­но­ви­ве БиХ, Цр­на Го­ра и Хр­ват­ска „ври­јат“ од про­те­сти ор­га­ни­зи­ра­ни пре­ку „Фејс­бук“.

Dosie78-5

Револуцијата на Фејсбук на Арапската пролет

„Фејс­бук“ бе­ше глав­но­то оруж­је на Арап­ска­та про­лет, ко­ја до­ве­де до пад на не­кол­ку ре­жи­ми во се­вер­на Афри­ка и на Бли­ски­от Исток и по­ста­ву­ва­ње но­ви на нив­но ме­сто. Пос­лед­на­та го­ле­ма про­ме­на е не­јас­на. „Фејс­бук“ се фа­ли де­ка го про­мо­ви­ра ми­рот во све­тот пре­ку по­вр­зу­ва­ње­то на лу­ѓе­то од раз­лич­ни рас­и и ре­ли­гии.

Од на­ве­де­но­то јас­но мо­же­ме да ви­ди­ме де­ка со­ци­јал­ни­те мре­жи сѐ уште ни приб­лиж­но не се ко­ри­стат во ма­ке­дон­ска­та по­ли­ти­ка, ка­ко што е слу­чај во све­тот. За­о­ста­ну­ва­ме, ка­ко, впро­чем, и за по­ве­ќе­то дру­ги ра­бо­ти.

(Пишува: Александар Божиновски
Текст објавен во 78. број на неделникот „Република“, 28.02.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top