| четврток, 6 декември 2018 |

Досието на Витни Хјустон има 128 страници

i-vitni hjuston

ФБИ ја следел пејачката Витни Хјустон и има досие на 128 страници. Во него детално се опишани сите обиди со кои ја уценувале Хјустон, смртните закани, митото кое го давала. Сега, сево ова и е достапно на јавноста.

ФБИ точно 11 години ја следел Витни Хјустон. Таа наводно му исплатила голема сума пари на еден човек со цел да не ги открие деталите од нејзиниот приватен живот, кој сакала да го задржи подалеку од јавноста. Ја уценувал поранешниот вработен, кој по разговорот со нејзиниот татко, Џон Хјустон, се согласил на исплата на голема сума пари во замена за молчење.

ФБИ, некои од писмата, кои ги добивала пејачката ги праќал на форензичка обработка, со цел да дознае кој ги испратил. Тоа е правено во случаи кога една личност би испратила голем број писма. Некои испраќале стотици.

Интервјуирани се некои опсесивни обожаватели, од кога Витни ги примала смртни закани и сите случаи се успешно решени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top