| четврток, 6 декември 2018 |

Тони Михајловски: Разликата меѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ е 30.000 денари

toni mihajlovski

Ни­ко­гаш нема да го напуштам театарот и целосно да се посветам на политиката. Јас се пла­шам од тоа. Се­кој се за­ни­ма­ва со по­ли­ти­ка, по­ве­ќе или по­мал­ку. Им се вос­хи­ту­вам на по­ли­ти­ча­ри­те ка­ко мо­жат да го пра­ват тоа, тоа ба­ра вре­ме и по­све­те­ност. Но гла­сам, член сум на пар­ти­ја, са­кам да учес­тву­вам во до­не­су­ва­њето од­лу­ки. Прем­но­гу го са­кам те­а­та­рот, го са­кам фил­мот за да ги оста­вам и да оти­дам во по­ли­ти­ка. По­ли­ти­ка­та ти го од­зе­ма це­ло­то сло­бод­но вре­ме. Јас са­кам вре­ме­то да го тро­шам на умет­ност и на уба­ва кре­а­ци­ја – вели Тони Михајловски во интервју за неделникот „Република“.

Тој еднаш го напушти театарот, во 1997 година кога се жалеше дека земал плата колку и чуварот на театарот. Во 2013 година повторно се вработи во МНТ, истиот оној театар од кој замина. На прашањето зошто се натера да се врати во театар, Михајловски вели:

Во 1997 го­ди­на пла­та­та бе­ше 8.500 де­на­ри, во 2014 го­ди­на пла­та­та на еден пр­ве­нец е 42.000 де­на­ри. Раз­ли­ка­та ме­ѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е очиг­лед­на. Не­ма по­тре­ба да се ка­жу­ва ни­што дру­го. Раз­ли­ка­та е 30.000 де­на­ри. Тол­ку ВМРО-ДПМНЕ му има да­де­но по­ве­ќе на на­ро­дот, на ар­ти­сти­те, на про­фе­со­ри­те… Ту­ка е ос­нов­на­та раз­ли­ка зо­што сум дал отказ и сум се вра­тил на ра­бо­та. Не­кој поч­нал да ги тре­ти­ра лу­ѓе­то ка­ко лу­ѓе, да им го вред­ну­ва тоа што го ра­бо­тат на еден по­и­на­ков на­чин. А и ни­кој не ме вик­на до­се­га. Се­га ме вик­наа. По­ба­рав, ми бе­ше слуш­на­та мол­ба­та. Сум се по­ка­јал за сво­и­те по­стап­ки.  На мо­јот син му уки­нав не­кои средс­тва.

(Целото интервју со Тони Михајловски можете да го прочитате во 79. број на „Република“, што е во продажба до петок, 15 март)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top