РК Металург ги одреди цените на влезниците за осминафиналниот натпревар од Лига на шампионите против дански шампион Колдинг. Натпреварот ќе се одигра на 23 март (недела), во 16,55 часот.
Цените се движат од 250 денари до 600, во зависност од местото на седење. Сите фанови што поседуваат блок-влезници од групната фаза на ЛШ, од утре до 14 март ќе можат да ги заменат за влезници за истите места кои ги поседуваат.
Замената на блок-влезниците ќе се одвива исклучиво во продажното место Југотон во Градски трговски центар-Скопје, а замената ќе може да се реализира само со приложување на блок-влезниците во самото продажно место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.