Романот „Осмото светско чудо“ на Јордан Плевнеш во превод на германски јазик ќе биде промовиран на Саемот на книгата во Лајпциг, што ќе се одржи од 13 до 16 март. Преводот го направи Вил Фирт, а го поддржа мрежата „Традуки“. „Осмото светско чудо“ веќе е преведен на десетина јазици.
Промоцијата ќе се случи на штандот на „Традуки“, во рамките на претставувањето на авторите од југоисточна Европа. Плевнеш ќе има презентација на романот во кој ќе учествуваат повеќе германски и светски издавачи, а ќе биде отворена и дебата.
По завршувањето на саемот, на 17 март, во негова чест Германско-македонското друштво организира книжевна средба во македонската амбасада во Берлин, каде што за романот ќе зборува Весна Цидилко, професорка на реномираниот универзитет „Хумболт“.
Романот на Плевнеш беше промовиран во Скопје во декември 2012 година.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.