| четврток, 6 декември 2018 |

Давид Бабунски до ФФМ: Дали искрено сакате фудбалот да оди напред?

Младинскиот репрезентативец на Македонија, Давид Бабунски, реагираше бурно поради патешествието на неговите соиграчи од Португалија до Скопје, по мечот на гостински терен со Португалците. Загубивме со 0-2 од фаворитот, а дел од младинците што играат во македонското првенство не се вратени дома, иако од Португалија тргнаа во 9,30 часот утрово.

„Моите соиграчи од селекција до 21 година се уште патуваат да се вратат дома. Тргнаа од хотелот од Португалија во 9,30 часот сабајле и во моментов се наоѓаат во Франкфурт чекајки авион за Љубљана за да стигнат во Скопје во 1,30 часот сабајле. Дали се овие подобрите услови што ги ветивте? Дали вие искрено сакате фудбалот во Македонија да напредне? Срамота. А немојте со тоа дека немало пари, сите знаеме кај се парите. А ако не сакате да ги извадите, јас сум способен да одвојам од мојата плата и да вложам за македонскиот фудбал, само кажете, зошто јас навистина сакам да тргнеме нагоре. Пред натпревар патуваме еден час до стадион. И ние треба да излеземе на терен да браниме едно знаме и целиот македонски народ што не подржува. Не знам колку Ви е вам тоа битно или дали воопшто Ви е гајле, ама ние за нив трчаме“, напиша на својот фејсбук профил играчот на Барселона Б.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top