Реал Мадрид и Манчестер јунајтед ремизираа 1-1 во дерби натпреварот од осминафиналната рунда во Лигата на шампионите. Во Мадрид се беше одлучено во првиот дел кога Велбек постиган гол за гостите, а израмни Роналдо.
Идентично без победник, но со по два гола во мрежите на Пјатов и Вајденфелер, заврши и вториот дуел вечерва меѓу домашниот тим Шахтар и Борусија Дортмунд.
Реал и Мначестер одиграа возбудливо прво полувреме со многу шанси, добри акции и два гола. Велбек и Роналдо стрелаа со удари со глава, а вториот дел двата гиганти играа попретпазливо. Реваншот е на 5. март на „Олд Трафорд“ во Манчестер.
На „Донбас“ арена, Шахтар на двапати водеше со головите на Срна и Коста, а Борусија си обезбеди супер резултат за реваншот на свој терен во Дортмунд. Левандовски во финишот на првиот дел и Хумелс при крајот на мечот, на двапати ја анулираа предноста на Украинците.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Хаос на трибините во Атина, Тадиќ го однесе Ајакс во осминафиналето (Видео)
-
Косово е противник на Македонија во полуфиналето во Лигата на нации
-
Семејството скршено од тага пристигна на стадионот- сопругата на Вичај од овој детаљ ќе се струполеше на земја
-
Десната рака на газдата, убавица од Тајланд и пилотите… кои беа жртвите од несреќата на „Кинг Пауер“?(Видео)


