| четврток, 6 декември 2018 |

Повеќе од 22 илјади заболени од грип во Македонија

grip

Повеќе од 22 илјади заболени од грип во Македонија регистрирал Институтот за јавно здравје на (ИЈЗ) Македонија. Минатата недела во ИЈЗ биле пријавени 3.277  случаи на  заболени од грип, што е намалувње од 17,5 проценти во однос на претходната недела. Вкупната бројка на заболени од грип за оваа сезона изнесува 22.159.

Сите градови во Македонија пријавиле дека имаат лица заболени од грип, а само во  Свети Николе бројот на регистрирани заболени лица е помал од 10.

Во февруари биле пријавени најголем број случаи со симптоми на грип – 14.381 или 64,9% од вкупниот број заболени во целата сезона 2013/2014. Најголем број заболени  има во Скопје – 3.392 заболени и во авадарци – 2.915.

Изминатата недела , до вирусолошката лабораторија на ИЈЗ пристигнале 18 материјали за тестирање грип, од кои 15 биле позитивни, и тоа: 8 се инфлуенца А/H3N2 вируси, 5 се нетипизирани инфлуенца А вируси, а 2 се инфлуенца Б вируси.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top