| четврток, 6 декември 2018 |

Грција го реактуализира прашањето за референдум за името на Македонија

zname-makedonija-grcija

Официјална Атина на состанокот на 28-те министри за надворешни работи на ЕУ во Солун најверојатно ќе соопшти дека ќе организира референдум за прашањето за името на Македонија.

Оваа информација, како што јави дописникот на МИА од Атина, ја објави грчкиот „Весник на уредниците“ нагласувајќи дека „Самарас бара начин да се заштити од меѓународен притисок и разгледува план за референдум“.

– Со предвремените парламентарни избори кои во Македонија ќе се одржат на 27 април, на денот кога ќе се спроведува вториот круг од претседателските избори, Андонис Самарас собира информации за да спроведе план според кој Атина ќе избере да организира референдум преку кој во Грција ќе се одобри каков било договор за прашањето за името – пишува весникот.

Објаснувајќи ги причините за предвремените избори во Македонија, весникот додава дека „според сите мерења, ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ ќе победат на изборите со што уште повеќе ќе се намали можноста за постигнување договор со Грција“.

– Според некои информации, Андонис Самарас, кој се смета за ’тежок националист’ во Македонија, наводно, смета дека Грција не може да си дозволи да се соочи со меѓународен притисок (ЕУ, НАТО и САД), како после Букурешт во 2009 година – тврди „Весникот на уредниците“ и додава дека со оглед на тоа што„ Груевски вети дека ќе стави на референдум секакво решение за името, истото ќе го направи и Атина“.

Информацијата дека грчките власти подготвуваат референдум за прашањето за името, пред извесно време ја објави весникот „Параполитика“, но вчера беше демантирана од страна на грчкиот министер за надворешни работи Евангелос Венизелос.

Шефот на грчката дипломатија вчера во Атина одржа прес-конференција на која претежно зборуваше за ситуацијата во Украина.

Во врска со Македонија, Венизелос, не повтори дека средбите во Скопје биле „во непријатна атмосфера“, туку овој пат одлучи да ги окарактеризира како „корисни“.

Како и да е, останува фактот дека грчките дипломати во Вашингтон и големите европски градови се мобилизирани да ја запрат евроатлантската интеграција на Македонија, особено пред самитот на НАТО во Велика Британија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top