| четврток, 6 декември 2018 |

Росицки и Мертесакер остануваат во Арсенал

Лондонскиот премиер лигаш Арсенал, ги продолжи договорите со Чехот, Томаш Росицки и Германецот, Пер Мертесакер, информираа денеска од клубот.

– Тоа се фудбалери со одлични квалитети и искуство, се докажаа на највисоко ниво. Се чувствува нивното големо чувство на емпатија и верба во тимот. Се надевам дека оваа вест само ќе помогне за добрата иднина на Арсенал – изјави Арсен Венгер тренерот на Арсенал.

33-годишниот Росицки веќе осум сезони е дел од Арсенал откако 2006-та дојде од редовите на Борусија Дортмунд.

– Сакам да ја освојам Премиер лигата. Тоа е моја голема цел и ќе направам се за тоа да го постигнам – изјави Росицки.

Арсенал кој со ист број на бодови е на делба на второто и третото со Ливерпул, а заостанува само четири помалку од водечкиот Челзи веќе десет сезони чека на шампионска титула во Премиер лигата.

Германецот, Мертесакер во редовите на „Топџиите’’ дојде од Вердер пред три сезони.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top