Лидерот на Граѓанската иницијатива „Србија, демократија, правда“, Оливер Ивановиќ денеска започна штрајк со глад во Притворската единица во Приштина, потврди неговиот адвокат Небојша Влајиќ.
Според Влајиќ, единственото барање на Ивановиќ е да му се овозможи префрлање од притворот во Приштина во Притворската единица во Косовска Митровица.
Ивановиќ, кој важи за умерен лидер на косовските Срби, повеќе од еден месец се наоѓа во притвор. Тој е уапсен на 27 јануари под обвинение дека учествувал во наводни воени злосторства во 2000 година, вклучувајќи и тешко убиство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.