Тројца руски опозициски активисти почнаа штрајк со глад во Новосибирск поради одлука на властите да им забрани учество на локални избори.
Шефот на кампањата на опозицијата Леонид Волков и кандидатите Јегор Савин и Сергеј Бојко почнаа од синоќа штрајк со глад откако изборната комисија во Новосибирск , трет по големина град во Русија, не им ги прифати потписите поднесени за да се пријават за претстојните избори.
Опозицијата ги смета локалните избори во септември за генерална проба за парламентарните избори во следната година.
Активистите велат дека нивниот протест ќе трае се досека Централната изборна комисија не го преиспита нивниот случај. Комисијата соопшти дека има грешки кај 1.300 од повеќе од 11.600 поднесени потписи, а Волков вели дека комисијата се повикува на застарена база на податоци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.