| четврток, 6 декември 2018 |

Крсто Мукоски во притвор штрајкува со глад

Пратеникот Крсто Мукоски кому вчера му беше определена мерка притвор од судија на претходна постапка, почнал да штрајкува со глад уште веднаш кога пристигнал во истражниот затвор Шутка, објави 24 вести.

Информацијата за тв 24 ја потврдува неговата одбрана. Причина за неговиот штрајк со глад е тоа што сметал дека е притворен за нешто што воопшто не го направил, а најмалку дека му се става на товар терористичко загрозување на уставниот поредок. Мукоски одбива храна и затоа била известена и затворската управа по што веднаш медицинско лице му извршило преглед и било констатирано дека засега е во добра здравствена состојба. Тој не се наоѓа во келија заедно со останатите притворени пратеници, туку сосема други притвореници.

Инаку, денеска, неговиот адвокат Игор Кичеец поднесе жалба до Кривилчниот совет против притвор кој вчера му беше одреден.

извор: 24 вести

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top