| четврток, 6 декември 2018 |

Бегалците во Чешка штрајкуваат со глад

­ Повеќе десетици бегалци започнаа штрајк со глад во еден од затворените центри во Чешка, во знак на протест против должината на нивниот престој, соопиштија волонтерите кои го посетуваат центарот.

мигранти

 

Чешка избегна големи миграции преку својата територија, бидејќи стотици илјади лица, кои бегаат од војната на Блискиот Исток и од сиромаштијата, избраа полесен пат од Балканот до Германија, кој води низ Австрија.

Штрајкот започна вчера, во новоотворениот центар Драхоница, 90 километри западно од Прага. ­

– Утрото беа 44 луѓе кои почнаа штрајк со глад, а во попладневните часови бројката надмина повеќе од 60 лица – изјави волонтерката Петра Дамс.

Според неа, тензијата се зголемила кога 40 лица се превезени од Драхоница во 3 часот наутро, што го зголемило стравот на останатите од депортација.

Повеќе од 144 бегалци во Драхоница се донесени од другиот притвор во Бела Јазова, кој беше остро критикуван поради лошите услови.

Притворот во Чешка обично трае до 90 дена и е применуван на поголемиот број бегалци кои не бараат азил во земјата.

За првите девет месеци, во притвор биле 7.201 бегалец, а многумина по ослободувањето го продолжиле патот за Германија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top