| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ: Јакимовски го претвори општинскиот весник во гласило на партијата

sdsm

Градоначалникот на Карпош, Стевче Јакимовски, општинскиот весник го претвори во гласило на неговата партија. Кандидатот за претседател на ГРОМ осамна на насловната страница на општинскиот весник „Карпош Урбан“ со промотивен наслов и промотивен текст на цела страна, платени со народни пари – изјави на денешната прес-конференција, Душко Весковски, од општинската организација на СДСМ.

Според него, Јакимовски општина Карпош ја претвори во негов сопствен посед. Ова по ништо не се разликува од методите на неговиот коалиционен партнер ВМРО-ДПМНЕ.

– Јакимовски општина Карпош ја претвори во негов сопствен посед. Ова по ништо не се разликува од методите на неговиот коалиционен партнер ВМРО-ДПМНЕ.  Каде се институциите да реагираат на ова прекршување на изборниот законик? Каде е Антикорупциската комисија? – прашуваат од СДСМ.

karpos

Насловната страница на општинскиот весник на Карпош со кандидатот на партијата на Јакимовски го крши изборниот законик и претставува злоупотреба на парите на граѓаните.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top