Во рамките на триесетиот по ред Интернационален фестивал „Сараевска зима“ во БиХ, од 3 до 10 март во галеријата „Нови храм“ ќе биде изложена инсталацијата „Крик“ на Ален Реџепагиќ. Оваа инсталација скопската публика имаше можност да ја види во ноември, 2011 година во Отворено графичко студио при Музејот на град Скопје.
– Интеремдијалната, формално колористички „обоена/облечена“ инсталација на младиот скулптор Ален Реџепагиќ под наслов „Крик“, содржи згуснати визуелни и емотивни референци. Авторот инсистира на социјалниот аспект, но композицијата на инсталацијата ги еманира и аспектите на колективното прогонство, на егзилот, на геноцидноста итн. Но, сите овие аспекти се втемелени во отсуството на индивидуалната и колективна етичка димензија на одговорноста. Заробената толпа на Реџепагиќ ја рефлектира просторната и емотивната дистанца, индивидуалниот и колективен херметизам, внатрешниот и надворешен егзил и осаменост на човечкото битие кое ја одразува срамната и темната страна на било кој антихуманистички општествен контекст – вели Конча Пирковска.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.