| четврток, 6 декември 2018 |

„Лебедово езеро“ утре на сцената на МОБ

Во Македонската опера и балет, утрвечер во 20 часот ќе биде изведена балетската претстава „Лебедово езеро“, еден од бисерите на балетската класика. „Лебедово езеро“ е во кореографија на гостинот од Украина, Виктор Јаременко, додека во главните улоги ќе настапат првенците: Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили. Во улогата на Ротбарт, Игор Веланоски. Со оркестарот на МОБ ќе диригира, Бисера Чадловска.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top