| четврток, 6 декември 2018 |

Ивановски и Самак денеска ќе ја посетат Силициумската долина

ivo

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, и министерот без ресор Веле Самак денеска во САД ќе го посетат кампусот на „Гугл“ во Силициумската долина.

Покрај тоа, двајцата министри ќе ја посетат и компанијата за електрични автомобили „Тесла моторс“ и ќе остварат средба со еден од основачите на компанијата „Мајндтри“.

Средбата со претставниците на „Мајндтри“, како што информираат од  Министерството за информатичко општество, произлегува од интересот што извршниот директор на компанијата го покажал за бизнис поволностите во Македонија на средбата што министерот Ивановски ја имал во јануари годинава во Индија.

Двајцата министри се во неколкудневна посета на САД, каде што ги презентираат можностите за инвестирање во Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top