| четврток, 6 декември 2018 |

Македонски и австриски компании на бизнис-форум во Скопје

biznis makedonija

Македонско-австриски бизнис-форум денеска организира Стопанската комора на Македонија, во соработка со Стопанската комора на Австрија. Целта е да се поттикне соработката меѓу австриските и македонските компании.

– Во Македонија доаѓа делегација од австриски компании за да остварат бизнис-соработка со македонски фирми од  сферата на третманот и пречистувањето отпадни комунални и индустриски води, подготвување вода за пиење, управување со отпад, безбеден пренос на податоци за индустриски апликации и индустриска автоматизација – соопшти Стопанската комора на Македонија, која денеска ќе биде домаќин на бизнис-форумот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top