| четврток, 6 декември 2018 |

Најдобрата диета за намалување на салото од стомакот

Факт е дека не е можно да се загуби вишокот сало од стомакот без намалување на вкупните телесни масти. Обемните истражувања покажаа дека тоа што е најдобро за брзо намалување на салото од стомакот е комбинација на урамнотежена исхрана и специфични вежби.

Пример за мени:
Појадок: Еден филџан мусли прелиени со млеко
Ужина: Суви бадеми, ореви, лешници до 50 гр
Ручек: За ручек можете да изедете месо колку што сакате, и тоа риба, пилешко без кожа, телешко, јагнешко, а од свинско само стек без маст. Месни преработки избегнувајте. Дозволено е да се земе интегрален или ‘ржен леб. Месото можете да го подготвите на кој било начин, но одбегнувајте секојдневно пржење на храната.

Ужина: Една јаболка, круша, праска, грст јагоди, малини, а банани одбегнувајте
Вечера: Бистра супа од зеленчук без тестенина, сардина или туна со исцедено масло, парче интегрален леб. Може и супа од зеленчук без тестенини, чаша јогурт, парче интегрален леб или супа од зеленчук без тестенини, две тврдо варени јајца, домати.

Поради вежбањето и монотоната исхрана, пијте витаминско-минерални таблети.

Дополнителни совети

Никогаш не вечерајте барем три часа пред одењето во кревет.
Не јадете слаки и грицки.
Не пијте пиво, газирани пијалаци и зашеќерени овошни сокови.
Не јадете бел леб.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top