| четврток, 6 декември 2018 |

Прилеп под маски

prilep procka

Во Прилеп денеска ќе се одржи 14. меѓународен карневал „Прочка 2014“.  Според организаторите – локалната самоуправа и здружението „Прилепски мечкари“, се е подготвено за главните свечености.

На булеварот „Гоце Делчев“ каде што ќе биде и централната бина, од 13 часот се очекува да продефилираат околу 2.000 учесници со поединечни или групни традиционални и современи маски.

Освен од земјава, на карневалот се очекуваат гости и од Врњачка Бања, Нови Сад, Шабац, Перник, како и од Корча.

Во Прилеп вчера традиционално парадираа мажоретките, кловновите, пантомимичарите, жонглерите, одекнуваа зурлите и тапаните. Завчера во Центарот за култура „Марко Цепенков“ се одржа традиционалната изложба на маски на учениците од прилепските училишта. Беа изложени околу 1.000 маски и цртежи.

И годинава на карневалот ќе биде избрана „Најмаската“ и ќе и биде доделена Гран при наградата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top