| четврток, 6 декември 2018 |

Драма во Велес, спасена жена која скокна од мостот Гемиџии (ФОТО)

Вечерва се случуваше животна драма  на мостот Гемиџии, која заврши со среќен крај. Велешанката Л.С. (36 год) околу 19,20 минути скокнала од мостот Гемиџии. Сведоците кои биле присутни веднаш се јавиле во Брзата помош чија екипа бргу дојде на местото на настанот, пишува локалниот портал tirekovmirece.com.

veles

Откако жената скокнала по неа скокнале и две лица Махмут и Фаик кој ја однеле до еден од колтуците на реката. Бидејќи и покрај нискиот водостој на Вардар, беше тешко да се изнесе на суво, борбата траеше 15-тина минути.

На помош дојде и чамец од велешките кајак клубови, со кого беше изнесена, кај споменикот на Гемиџии, веднаш прифатена од докторите и пренесена во Општата Болница. Таму беа однесени и двете лица кои храбро скокна од 10-тина метри за да и помогнат на жената.

veles1

Според информациите од дежурните доктори на интерното одделение  С.Л. е надвор од животна опасност.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top