| четврток, 6 декември 2018 |

Украина упати протест до Русија за нарушување на воздушниот простор

кремљ

Украинското Министерство за надворешни работи упати протест до Русија дека го нарушила воздушниот простор на земјата и го нарушила договорот за престој на руската Црноморска флота на полуостровот Крим.
Украинското МНР не објави повеќе детали.
Според украинската гранична стража над десет руски воени хеликоптери влегле од Русија во украинскиот воздушен простор над Крим.
Претходно беше соопштено дека околу 20 лица во униформи на руската Црноморска флота, вооружени со автоматски пушки опколиле украински граничен пункт во близина на пристанишниот град Севастопол во украинската автономна република Крим.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top