
Али Ахмети, лидерот на албанската ДУИ, во интервју на телевизијата „Алсат-М“ изјави дека освен предвремени, можно е да има и вонредни избори.
– Приоритет во новиот политички договор за заедничко владеење со македонската партија за ДУИ ќе биде членството на земјата во НАТО, што значи брзо решавање на спорот за името, изјави лидерот на оваа партија – изјави Ахмети, во емисијата „Патот кон…“
ДУИ побара распуштање на парламентот и предвремени парламентарни избори.
– Овие се предвремени избори, но ако не се движиме и нема напредок, може да имаме вонредни избори. Предвремени и вонредни – рече Ахмети.
Како краен рок за решавање на прашањето за името, според видувањето на Ахмети, може да се заклучи дека е претстојниот самит на НАТО во септември кој ќе се одржи во Велика Британија, коментира Алсат-М.
– НАТО одржува Самит во септември. Сакаме напредок, не разочарување – рече Ахмети.
Лидерот на ДУИ изјави дека неговата партија нема да го гласа претседателскиот кандидат на ВМРО-ДПМНЕ и рече дека целта е изборите да не успеат и да се дојде до уставни промени кои ќе доведат до избор на претседател во парламентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


