| четврток, 6 декември 2018 |

Јахти, мотори и темјан

Во зем­ја-кан­ди­дат за членс­тво во ЕУ во ко­ја вер­ски­те за­ед­ни­ци, спо­ред до­вер­ба­та, се вед­наш по ар­ми­ја­та, а има­ат шест про­цен­ти по­го­ле­ма до­вер­ба од пре­тсе­да­те­лот на др­жа­ва­та, не­што не е во ред. Ду­ри и ако огро­мен дел од вкуп­ни­от про­цент до­вер­ба кај вер­ски­те за­ед­ни­ци, кој е 60 про­цен­ти, от­па­ѓа на ИВЗ и на дру­ги­те не­пра­вос­лав­ни за­ед­ни­ци, се­пак за­чу­ду­вач­ки е ка­ко со си­те скан­да­ли, во кои се вме­ша­ни дел од вла­ди­ци­те на МПЦ-ОА, тие мо­жат да се по­фа­лат де­ка на­ро­дот ги са­ка

Ан­ке­та­та на Цен­та­рот за истра­жу­ва­ње и за кре­и­ра­ње по­ли­ти­ка за до­вер­ба­та на гра­ѓа­ни­те во ин­сти­ту­ци­и­те на прв пог­лед е шо­кант­на. Ако за АРМ, ко­ја сво­и­те глав­ни актив­но­сти ги има во да­леч­ни­от Авга­ни­стан и во ко­ја, ка­ко нат­по­ли­тич­ка ор­га­ни­за­ци­ја, не­ма го­ле­ми афе­ри, е нор­мал­но да би­де на ли­ста­та на нај­по­пу­лар­ни ин­сти­ту­ции и ако пре­тсе­да­те­лот Ива­нов има ви­со­ки 54 про­цен­ти до­вер­ба по­ра­ди не­го­ви­те по­зи­ции за име­то и сли­ка­та на че­сен по­ли­ти­чар, то­гаш огром­ни­те 60 про­цен­ти до­вер­ба кај вер­ски­те за­ед­ни­ци се из­не­на­ду­ва­ње не са­мо за обич­ни­те наб­љу­ду­ва­чи, ту­ку и за са­ми­те све­ште­ни­ци.

Ако се знае де­ка и кај ис­лам­ски­те вер­ни­ци во зем­ја­ва не вла­дее осо­бе­но по­зи­тив­но мис­ле­ње за ра­бо­та­та на Ис­лам­ска­та вер­ска за­ед­ни­ца ка­ко вто­ра нај­сил­на вер­ска за­ед­ни­ца, то­гаш, на­ви­сти­на, е чуд­но ка­ко вер­ски­те за­ед­ни­ци се ме­ѓу три­те ин­сти­ту­ции со нај­го­ле­ма до­вер­ба во зем­ја­ва. Не­ма ни­ка­ква ло­ги­ка МПЦ-ОА да би­де вед­наш зад ар­ми­ја­та на РМ ко­га во јав­но­ста нај­го­лем дел од вла­ди­ци­те не се поз­на­ти по сво­и­те де­ла и ду­хов­ност, ту­ку по­ра­ди кон­тро­верз­ни­те из­ја­ви, фи­нан­си­ски­те скан­да­ли, ска­пи­те во­зи­ла и ка­вги­те со вер­ни­ци­те.

Авто­рот на овие ре­до­ви се пра­шу­ва јав­но кој е тој пра­вос­ла­вен вер­ник што тол­ку мно­гу ве­ру­ва во МПЦ-ОА ако ја слуш­нал из­ја­ва­та де­ка вла­ди­ка­та и порт­па­рол на Све­ти­от си­нод ќе ко­ле по ед­на кра­ва се­кој ден пред пор­ти­те на сѐ уште не­поч­на­ти­от ту­ри­стич­ки цен­тар на Су­бра­та Рој, ако слуш­нал де­ка Скоп­ска­та епар­хи­ја са­мо од имо­ти­те во Со­пи­ште за­ра­бо­ти­ла 9 ми­ли­о­ни евра, а не са­ка да на­пра­ви но­ва цр­ква за вер­ни­ци­те, чиишто пред­ци тие имо­ти ги да­ри­ле како ва­каф и пос­лед­но, но не по­мал­ку важ­но, кој е тој вер­ник што гле­да ка­ко не­го­ви­те вла­ди­ци се во­зат со не­по­треб­но ска­пи во­зи­ла и во нај­но­ви­от слу­чај во­зат јах­та, а прет­ход­но се за­кол­на­ле на скром­ност и на си­ро­ма­шти­ја.

tema-77-1

Ка­ко обич­ни­от вер­ник ја до­жи­ву­ва фо­то­гра­фи­ја­та на ко­ја се гле­да вла­ди­ка­та На­ум ка­ко во­зи јах­та? Ка­кви чув­ства пре­диз­ви­ку­ва кај не­го фа­ктот што пр­ви­от чо­век на Стру­мич­ка­та епар­хи­ја во ци­вил­на об­ле­ка во си­ни­те во­ди на Ја­дра­нот или Егеј­ско мо­ре упра­ву­ва со ска­па јах­та, иа­ко це­на­та на плов­ни­от об­јект во слу­ча­јов во­оп­што не е важ­на? И уште ед­но пра­ша­ње што си го по­ста­ву­ва се­кој вер­ник гле­дај­ќи ја сли­ка­та на епи­ско­пот стру­мич­ки. Кој е тој по­рив, таа жел­ба, да пра­ви­те не­што што не е спо­ред ко­де­ксот што сте го при­фа­ти­ле ко­га сте се за­мо­на­ши­ле и сте ста­на­ле вла­ди­ка, а при­тоа свес­но се сли­ка­те, ду­ри и по­зи­ра­те, со ри­зик сли­ки­те да ги ви­дат ва­ши­те вер­ни­ци?

Се раз­би­ра, ед­но од об­јас­ну­ва­ња­та би мо­же­ло да би­де де­ка и вла­ди­ци­те се лу­ѓе. Де­ка и тие са­ка­ат да ги про­жи­ве­ат ово­зем­ни­те уба­ви­ни кои не се спро­тив­ни на де­сет­те Бож­ји за­по­ве­ди. И тоа са­мо ако се пра­ви по­врш­на ана­ли­за на де­ла­та и на за­по­ве­ди­те. Ако се нав­ле­зе под­ла­бо­ко, нај­мал­ку два од де­сет­те за­по­ве­ди би мо­же­ле да би­дат спор­ни. Но, ар­гу­мен­тот „и вла­ди­ци­те се лу­ѓе“ би бил со­од­ве­тен до­кол­ку вла­ди­ка­та На­ум и не­го­ви­те ко­ле­ги при за­мо­на­шу­ва­ње­то не се за­кол­на­ле де­ка ќе во­дат скро­мен жи­вот. Еден од во­деч­ки­те струч­ња­ци за со­ци­о­ло­ги­ја на ре­ли­ги­ја­та, Зо­ран Ма­тев­ски, про­фе­сор на Фи­ло­зоф­ски­от фа­кул­тет, ве­ли де­ка ма­ке­дон­ска­та Цр­ква не е тол­ку мно­гу за­фа­те­на со фи­нан­си­ски скан­да­ли ка­ко срп­ска­та, бу­гар­ска­та, грч­ка­та и не жи­вее во лу­ксуз ка­ко нив, но, се­пак, има се­ри­оз­на по­тре­ба од пре­ис­пи­ту­ва­ње.

– Се раз­би­ра, тоа не зна­чи де­ка одре­де­ни вла­ди­ци на МПЦ-ОА не тре­ба да се пре­ис­пи­та­ат се­ри­оз­но за сво­јот дис­ба­ланс ме­ѓу ду­хов­но­то и ма­те­ри­јал­но­то, осо­бе­но за­тоа што се­кој вла­ди­ка прет­ход­но тре­ба да се за­мо­на­ши. А, ка­ко мо­на­си го да­ле, ме­ѓу дру­ги­те, и за­ве­тот за си­ро­маш­тво. Не­кои, за жал, ка­ко да го под­за­бо­ра­ви­ле тоа – ве­ли Ма­тев­ски.

tema-77-3

tema-77-4И да бе­ше са­мо вла­ди­ка­та На­ум, не­ма­ше да би­де страш­но, ка­ко што не бе­ше страш­но ко­га на со­ци­јал­ни­те мре­жи се по­ја­ви­ја сли­ки од друг вла­ди­ка на МПЦ-ОА кој се сли­кал со пре­ска­по во­зи­ло на не­гов при­ја­тел. Да би­де уште по­ло­шо, и за МПЦ и за вла­ди­ка­та Пи­мен, не е тај­на де­ка тој е ду­хов­но че­до на стру­мич­ки­от епи­скоп На­ум, со што на мно­гу­ми­на им да­ва пра­во да твр­дат де­ка не се ра­бо­ти за ин­ди­ви­ду­а­лен мо­мент на сла­бост, ту­ку на си­стем на вред­но­сти кој ва­жи и за дел од вла­ди­ци­те. За раз­ли­ка од На­ум, кој ре­тко се по­ја­ву­ва во јав­но­ста, кај Пи­мен е ин­те­ре­сен уште еден мо­мент, жел­ба­та јав­но да го­во­ри за ни­за те­ми, ме­ѓу кои и за по­ли­ти­ка, па ду­ри и за сте­чај­ци­те овие де­но­ви.

Тој не е ни прв ни пос­ле­ден при­мер на вер­ско ли­це кое ги ко­ри­сти ме­ди­у­ми­те, осо­бе­но со­ци­јал­ни­те ме­ди­у­ми (Фејс­бук), за да ко­мен­ти­ра не­кои со­стој­би, и тоа не е грев за­тоа што ка­ко вер­ски ли­дер, фор­мал­но во Европ­ска­та епар­хи­ја, има об­вр­ска да би­де во по­сто­јан кон­такт со вер­ни­ци­те. Проб­ле­мот е што, на­ме­сто да де­ба­ти­ра и да на­мет­ну­ва те­ми за цр­ков­ни­от и за ду­хов­ни­от жи­вот во рам­ки­те на цр­ква­та, тој се за­ни­ма­ва со по­ли­ти­ка или со дру­ги те­ми што не би тре­ба­ло да се при­о­ри­тет за цр­ков­но ли­це. Да не збо­ру­вам де­ка кли­ка­ње „ми се до­па­ѓа“ на об­ја­ва на „Фејс­бук“ во ко­ја вла­ди­ка­та се на­ре­ку­ва „за­бе­ган“, кол­ку и да е ка­жа­но на ше­га, е чуд­но за ви­стин­ски­те вер­ни­ци.

tema-77-2

Авто­рот на овие ре­до­ви оче­ку­ва од Пи­мен ка­ко ин­те­ле­кту­а­лец и ду­хов­но ли­це, ако ве­ќе не мо­же да ко­мен­ти­ра за во­зе­ње­то јах­та на не­го­ви­от ду­хо­вен та­тко и за скан­да­ли­те на дру­ги­те вла­ди­ци, да се за­ни­ма­ва со сте­чај­ци­те, но, пред сѐ, за ду­хов­ни­от, мо­рал­ни­от, со­ци­јал­ни­от, а не за по­ли­тич­ки­от кон­текст во кој тие из­лег­ле да про­те­сти­ра­ат. Ве­ро­јат­но е те­шко за еден вла­ди­ка да го­во­ри за дру­ги­те вла­ди­ци, осо­бе­но ако му се бли­ски, и за нив­на­та жел­ба да игра­ат голф, да се дру­жат со ли­ца од спро­ти­вен пол, да по­се­ту­ва­ат ка­зи­на. Уште по­те­шко е да се го­во­ри за во­зе­ње­то скап мо­тор по грч­ки­те мон­ден­ски од­мо­ра­ли­шта ка­ко што се го­во­ри де­ка пра­вел вла­ди­ка­та стру­мич­ки, но ако ве­ќе не мо­же да се збо­ру­ва за сла­бо­сти­те ме­ѓу вла­ди­ци­те, то­гаш пре­ку про­фи­лот на „Фејс­бук“, ка­ко нај­сил­на ала­тка за ко­му­ни­ка­ци­ја со јав­но­ста, ба­рем да отво­ра цр­ков­ни, спи­ри­ту­ал­ни те­ми за скром­но­ста, за вер­ба­та, за гре­шки­те, за по­ка­ја­ни­е­то и, ко­неч­но, за од­го­вор­но­ста. И пра­ша­ње­то за пар­ти­ски­те ма­ни­пу­ла­ции со вер­ни­ци­те е ле­ги­тим­на те­ма за еден вла­ди­ка, но са­мо ако таа дој­де по те­ма­та за ма­ни­пу­ла­ци­ја­та со вер­ни­ци­те.

Анкета за доверба во институции

Центар за истражување и креирање на политики

  • АРМ 67 %
  • Верски заедници 60 %
  • Претседател на РМ 54 %
  • МВР 49 %
  • Влада на РМ 43 %
  • Медиуми 40 %
  • ЕУ 40 %
  • Судство 32 %
  • Политички партии 24 %
* Телефонска анкета врз репрезентативен примерок од 1.584 испитаници во периодот од 8 до 13 февруари 2014

(Текст објавен во 77. број на неделникот „Република“, 21.02.2014)

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top