Министерот за странски инвестиции Џери Наумоф денеска ќе учествува на форумот во организација на Советот на НАТО на Канада, на тема „Инвестиции и бизнис можности во Југоисточна Европа“.
На овој форум, министерот Наумоф ќе се осврне на поволната деловна клима во Македонија, при што ќе ги нагласи можностите за инвестиции и за бизнис во нашата земја.
На форумот се очекува да присуствуваат над 60 бизнисмени од Канада кои се заинтересирани за работа во нашиот регион.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.