| четврток, 6 декември 2018 |

И во Kанада ќе се презентираат можностите за инвестирање во Македонија

geri naumof

Министерот за странски инвестиции Џери Наумоф денеска ќе учествува на форумот во организација на Советот на НАТО на Канада, на тема „Инвестиции и бизнис можности во Југоисточна Европа“.

На овој форум, министерот Наумоф ќе се осврне на поволната деловна клима во Македонија, при што ќе ги нагласи  можностите за инвестиции и за бизнис во нашата земја.

На форумот се очекува да присуствуваат над 60 бизнисмени од Канада кои се заинтересирани за работа во нашиот регион.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top