| четврток, 6 декември 2018 |

Грабнал девојка за да ја силува, па се предомислил

siluvanje

Млад скопјанец киднапирал 19-годишна кумановчанка, ја однел во куќа во Јурумлери за да ја силува, но кога девојката одбила, се предоомслил и ја ослободил. Девојката веднаш пријавила во полиција, која вчера му поднела кривична пријава за противправно лишување од слобода.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ј.Г.(24) од Скопје, за сторено кривично дело „противправно лишување од слобода“. На 24.02.2014 година, во 07,00 часот пријавениот откако ја пресретнал А.П.(19) од Куманово, заканувајќи и се по животот ја убедил да влезе во неговото патничко возило, а потоа ја однел во куќа во с.Јурумлери, каде ја затворил и физички ја нападнал, присилувајќи ја на полови дејствија, а откако A.П. одбила истиот ја ослободил.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top