По извршената ждрепка за осминафиналните двојки во рамките од Лигата на шампионите во ракомет срспките интеранационалци во редовите на РК Вардар Страхиња Милиќ и Алем Тоскиќ со свое видување за атрктивниот противник.
– Хамбург е екипата која е актуелен европски шампион со врвни играчи во своите редови. Не се плашиме од никого, но имаме респект за големиот противник. Докажавме дека можеме да се носиме со најголемите европски екипи. На двомечот со Хамбург нема што да изгубиме, можеме само да добиеме – изјави првиот голман на РК Вардар Страхиња Милиќ.
Алем Тоскиќ пивотот на „црвено-црните“ ја бара шансата на мечот во Скопје.
Добивме противник кој има за цел да игра во самата завршница на фајнл-фор турнирот. Улогата на фаворит ќе им ја препушитме нив, но секоја укажана шанса за победа треба да ја зграбиме со две раце. Нашата шанса е на домашен терен кога ќе играме пред полни трибини и ќе имаме огромна подршка од своите навивачи додаде Алем Тоскиќ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.




