| четврток, 6 декември 2018 |

Немавме среќа во Ница, Македонија во тешка група со Шпанија, Украина, Словачка, Белорусија и Луксембург

Македонија немаше среќа при денешната ждрепка за квалификацискиот циклус во фудбал за настап на Европското првенство во Франција 2016 година. Со нас во Ц групата се актуелниот светски и европски првак Шпанија, потоа незгодната Украина, Словачка, Белорусија и Луксембург.

Против Шпанија и Словачка имаме играно во квалификации за СП или ЕП, а сефте ќе ни бидат настапите во ваков систем на натпреварување со Украина, Белорусија и Луксембург.

По измените и проширувањето на бројот на репрезентации што ќе играат во Франција за две години, од секоја група ќе се квалификуваат двете најдобропласирани селекции и најдобрата третопласирана репрезентација од сите групи. Останатите 8 третопласирани репрезентации ќе играат бараж дуели за четири места што ќе водат во земјата на „галските петли“.

Распоред на сите групи:

А група – Холандија, Чешка, Турција, Летонија, Исланд, Казахстан

Б група – БиХ, Белгија, Израел, Велс, Кипар, Андора

Ц група – Шпанија, Украина, Словачка, Белорусија, МАКЕДОНИЈА, Луксембург

Д група – Германија, Република Ирска, Полска, Шкотска, Грузија, Гибралтар

Е група – Англија, Швајцарија, Словенија, Литванија, Естонија, Сан Марино

Ф група – Грција, Унгарија, Романија, Финска, Северна Ирска, Фарски Острови

Г група – Русија, Шведска, Австрија, Црна Гора, Молдавија, Лихтенштајн

Х група – Италија, Хрватска, Норвешка, Бугарија, Азербејџан, Малта

И група – Португалија, Данска, Србија, Ерменија, Албанија

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top