| четврток, 6 декември 2018 |

Падна и моќната Барса, Реал Мадрид е лидер во Шпанија

Падна и моќната Барселона во шпанското првенство, а блескава победа против Каталонците забележа Реал Сосидеад со 3-1. Триумфот во Сан Себастијан го слават и во Мадрид и симпатизерите на Реал кој победи со 3-0 против Елче и на Атлетико Мадрид, кој има шанса да му се приклучи на соседот на врвот.

Моментно Реал Мадрид со еден меч повеќе е на врвот на табелата со 63 бода, пред Барселона и Атлетико со по 60, но вториот клун од Мадрид има меч за играње.

Сонг со автогол ги израдува домашните навивачи во Сан Себастијан, но Меси брзо израмни за Брселона на 1-1. Во вториот дел за само 5 минути гигантот падна на колена, а егзекутори со по еден гол без Гризман и Зурутуза.

За Барселона ова беше само втор пораз во шампионатот на Шпанија, идентично колку што имаат и Реал и Атлетико.

Кралевите од Мадрид рутисни со 3-0 го победија Елче, а повторно по третпат во низа покажаа дека можат да играат одлично без суспендираниот Кристијано Роналдо. Илјарименди, Бејл и Иско стрелаа прецизно за уверлив триумф и прво место на табелата. Во преостанатиот денешен меч Селта и хетафе ремизираа, 1-1, а за неколку минути ќе почне мечот меѓу Алмерија и Малага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top