| четврток, 6 декември 2018 |

Но­ви­те пар­тии – но­ва гла­во­бол­ка на СДСМ

СДСМ на след­ни­те из­бо­ри пред се­бе ја не­ма са­мо ВМРО-ДПМНЕ. Ги има и но­ви­те пар­тии и но­ва фраг­мен­та­ци­ја, ко­ја би сле­ду­ва­ла по лош из­бо­рен ре­зул­тат. Во пер­и­о­дот до­де­ка е во опо­зи­ци­ја, СДСМ за­гу­би до­бар дел од гла­са­чи­те по­ра­ди фрак­ци­и­те, а со тоа се на­ма­ли и бро­јот на пра­те­нич­ки ме­ста, ВМРО-ДПМНЕ, пак, ус­пеа по­втор­но да ги прив­ле­че чле­но­ви­те од си­те по­ли­тич­ки пар­тии што на­ста­наа со од­во­ју­ва­ње од ма­тич­на­та пар­ти­ја

naum slika „Це­ла­та бор­ба што ја во­де­ше (СДСМ, н.з.), ја во­де­ше за да ос­тва­ри не­ко­ја пред­ност во од­нос на вла­ста, но, во исто вре­ме, и во од­нос на пар­ти­и­те што се по­ја­ву­ва­ат се­га на по­ли­тич­ка­та сце­на“. Оваа оцен­а на Стев­чо Ја­ки­мов­ски за тоа ка­ко СДСМ го скрои Из­бор­ни­от за­ко­ник ја отс­ли­ку­ва со­стој­ба­та со ко­ја ре­чи­си це­ла де­це­ни­ја не мо­же да се из­бо­ри нај­го­ле­ма­та опо­зи­ци­ска пар­ти­ја во Ма­ке­до­ни­ја.

Ли­де­рот на ГРОМ фор­ми­ра­ше сво­ја по­ли­тич­ка пар­ти­ја на­бр­гу отка­ко го на­пу­шти ја­дро­то на СДСМ по­ра­ди не­сог­ла­су­ва­ње со од­лу­ки­те на пар­ти­ско­то ра­ко­водс­тво, кое, во нај­ма­ла ра­ка, се спро­тив­ста­ву­ва­ше на де­мо­крат­ски­те про­це­си во­оп­што. Но не е са­мо ГРОМ, кој, спо­ред бр­зи­на­та на со­бра­ни­те пот­пи­си за под­др­шка на нив­ни­от пре­тсе­да­тел­ски кан­ди­дат, по­ка­жу­ва од­лич­на ко­ор­ди­на­ци­ја и ор­га­ни­зи­ра­ност. Од СДСМ про­из­ле­зе и пар­ти­ја­та за чи­е­што фор­ми­ра­ње најм­но­гу при­до­не­се име­то на Вла­до Буч­ков­ски, Али­јан­са­ за по­зи­тив­на Ма­ке­до­ни­ја.

Нес­пор­но е де­ка и членс­тво­то и еле­кто­ра­тот на два­та но­ви по­ли­тич­ки суб­је­кта на ид­ни­те из­бо­ри најм­но­гу по­тек­ну­ва­ат од опо­зи­ци­о­нер­ска­та ма­са, ко­ја бе­ше пред­во­де­на од СДСМ. За тоа го­во­ри и Ан­дреј Пе­тров, по­ра­неш­ни­от пот­пре­тсе­да­тел на СДСМ.

– Мис­лам де­ка ГРОМ и Али­јан­са­та во­оп­што не тре­ба да се пот­це­нат би­деј­ќи, спо­ред ме­не, 90 про­цен­ти од нив­ни­от еле­кто­рат, ус­лов­но ре­че­но, при­па­ѓа на опо­зи­ци­ско­то по­ле. Дру­го пра­ша­ње е да­ли тие во мо­мен­тов дејс­тву­ва­ат ка­ко опо­зи­ци­ски пар­тии. Мо­е­то мис­ле­ње, спо­ред тоа што го збо­ру­ва­ат, е де­ка се поб­ли­ски во ста­во­ви­те до вла­де­јач­ка­та пар­ти­ја, иа­ко се оби­ду­ва­ат да игра­ат ши­ро­ко за да ја мул­тип­ли­ци­ра­ат сопс­тве­на­та под­др­шка и да не ги за­гу­бат опо­зи­ци­ски­те гла­со­ви. Спо­ред ме­не, овие две пар­тии ќе зе­мат зна­ча­ен број гла­со­ви. Тој број не­ма да би­де ни од да­ле­ку до­во­лен за да би­дат не­кој поз­на­ча­ен фа­ктор на по­ли­тич­ка­та сце­на, но ште­та­та што мо­же да ѝ ја на­не­сат на СДСМ е го­ле­ма – ве­ли Пе­тров.

НО­ВИ ПАР­ТИИ СПРО­ТИ МА­ТИ­ЦА­ТА

Фор­ми­ра­ње­то на пар­ти­и­те, ка­ко пос­ле­ди­ца на од­де­лу­ва­ње на це­ло фрак­ци­нер­ско кри­ло, кое не ус­пе­ва сво­и­те идеи да ги спро­ве­де низ пар­ти­ски­те ор­га­ни, всуш­ност, на из­бо­ри ја ба­ра ле­ги­тим­но­ста пред гла­са­чи­те, а тоа најм­но­гу се гла­са­чи­ на ма­тич­на­та пар­ти­ја.

Та­ка, ако се­га Пе­тров по­со­чу­ва на по­зи­тив­ци­те и на гро­мов­ци­те, прет­ход­но тоа се слу­чи со от­це­пу­ва­ње­то на Ти­то Пе­тков­ски и фор­ми­ра­ње­то на НСДП во 2005 го­ди­на. Пе­тков­ски со сво­и­те но­ви со­ци­јал­де­мо­кра­ти му на­не­се се­ри­о­зен удар на СДСМ на парламентарните избори во 2006 година. СДСМ освои 21 пра­те­нич­ко ме­сто, до­де­ка НСДП во пар­ла­мен­тот вле­зе со пра­те­нич­ка гру­па од се­дум пра­те­ни­ци. Пар­ти­ја­та вле­зе во вла­ста со ВМРО-ДПМНЕ, а по­тоа две пра­те­нич­ки од НСДП пре­ми­наа во ВМРО-ДПМНЕ. Ве­ќе на след­ни­те пред­вре­ме­ни из­бо­ри две го­ди­ни по­доц­на, Пе­тков­ски ко­а­ли­ци­ра­ше со ста­ри­те со­бор­ци, СДСМ, но освои са­мо три ман­да­ти, а по­ра­ди та­кви­от че­кор пар­ти­ја­та ја на­пу­шти­ја неј­зи­ни вид­ни чле­но­ви. Од не­сог­ла­су­ва­ње­то со но­ва­та по­зи­ци­ја – са­те­лит на СДСМ, про­из­ле­гоа и две но­ви пар­тии СДУ и ПО­ДЕМ.

– НСДП на Ти­то Пе­тков­ски го пре­диз­ви­ка нај­се­ри­оз­ни­от рас­цеп во исто­ри­ја­та на СДСМ, а Лил­ја­на По­пов­ска со фор­ми­ра­ње­то на ДОМ ја раз­ни­ша ЛДП. Та­ка што, из­бо­ри­те во 2006 го­ди­на соз­да­доа огром­на фраг­мен­та­ци­ја на пар­ти­ска­та сце­на. По из­бо­ри­те про­дол­жи­ја по­тре­си­те во СДСМ, ко­га од оваа пар­ти­ја се изд­вои по­ра­неш­ни­от пре­тсе­да­тел на Со­бра­ни­е­то Љуп­чо Јор­да­нов­ски, од­нос­но нај­ли­бе­рал­но­то и нај­гра­ѓан­ско кри­ло на СДСМ – по­со­чу­ва по­ли­ти­ко­ло­гот Иви­ца Бо­цев­ски.

БОР­БА­ТА НА ВМРОВ­СКИ­ТЕ ФРАК­ЦИИ ПРЕД ГРА­ЃА­НИ­ТЕ

Низ про­цес на фраг­мен­та­ци­ја по­ми­на и ВМРО-ДПМНЕ, ко­ја и са­ма­та, ка­ко што по­со­чи Бо­цев­ски, е од­во­е­на од Дви­же­ње­то за се­ма­ке­дон­ска ак­ци­ја – МА­АК. Во тој про­цес гра­ѓа­ни­те низ из­бор­ни­те про­це­си ре­ша­ваа за из­вор­ни­от ман­дат. Од ДПМНЕ, со предз­на­кот ВМРО се фор­ми­раа по­ве­ќе пар­тии, а нај­се­ри­оз­но рас­ло­ју­ва­ње се слу­чи за вре­ме на со­бра­ни­ски­от ман­дат 1998- 2002 го­ди­на.

– ВМРО-ДПМНЕ пре­жи­веа се­ри­о­зен рас­цеп со фор­ми­ра­ње­то на ВМРО – ви­стин­ска. Иа­ко не­кол­ку­те прет­ход­ни од­во­ју­ва­ња од ВМРО-ДПМНЕ беа ми­нор­ни, пар­ла­мен­тар­ни­от рас­цеп се за­ка­ну­ва­ше да за­вр­ши со „но­во пар­ла­мен­тар­но мно­зинс­тво“. Од ВМРО – ви­стин­ска по­на­та­му про­из­ле­зе ВМРО – ма­ке­дон­ска, но и две­те фрак­ции по­доц­на се вра­ти­ја во ма­ти­ца­та. По во­е­ни­от конф­ликт од 2001 го­ди­на и из­бо­ри­те од 2002 го­ди­на, од оваа пар­ти­ја се од­во­и­ја ВМРО – на­род­на, ве­ро­јат­но нај­се­ри­оз­ни­от рас­цеп во оваа пар­ти­ја, ДРУМ и Зем­јо­дел­ска­та на­род­на пар­ти­ја. Во су­шти­на, фрак­ци­ска­та бор­ба во са­ма­та ВМРО-ДПМНЕ за­вр­ши кај из­би­ра­чи­те, па тие тре­ба­ше да ре­шат ко­ја фрак­ци­ја го има из­вор­ни­от ман­дат. Отка­ко се по­ка­жа де­ка фрак­ци­ја­та око­лу Ни­ко­ла Гру­ев­ски го има убед­ли­во­то мно­зинс­тво, дру­ги­те пар­тии поч­наа да блед­не­ат од сце­на­та, со иск­лу­чок на ВМРО – НП, пред сѐ по­ра­ди ли­дер­ски­от по­тен­ци­јал на Љуб­чо Ге­ор­ги­ев­ски – до­да­ва Бо­цев­ски.

Ка­ко што за­вр­ши фрак­ци­ска­та бор­ба, та­ка и во два бра­на дој­де до вра­ќа­ње во ВМРО-ДПМНЕ. Пр­во во 2006 го­ди­на ДРУМ се пре­то­пи во ДПМНЕ, па Зем­јо­дел­ска­та на­род­на пар­ти­ја, ка­ко и ВМРО – ви­стин­ска на Бо­рис Змеј­ков­ски, на чи­ја­што до­маш­на адре­са за прв­пат е ре­ги­стри­ра­на ВМРО-ДПМНЕ.

– Ор­га­ни­за­ци­ја­та ВМРО, од сво­е­то ос­но­ва­ње до де­нес, ја сле­де­ле са­мо дел­би и раз­е­ди­ну­ва­ња. За­тоа на­ше­то обе­ди­ну­ва­ње е исто­ри­ски чин – по­ра­ча то­гаш Змеј­ков­ски.

На по­че­то­кот на 2012 го­ди­на, пак, кон ма­тич­на­та пар­ти­ја се спои ВМРО – ма­ке­дон­ска, а вед­наш по­тоа и пре­тсе­да­те­лот на ВМРО-НП, Мар­јан До­дов­ски, во име на нај­ви­со­ко­то ра­ко­водс­тво, об­ја­ви де­ка членс­тво­то се вра­ќа во ма­тич­на­та пар­ти­ја ВМРО-ДПМНЕ. Ка­ко глав­на при­чи­на за ова пре­ми­ну­ва­ње бе­ше истак­ну­ва­но: „Не­ма да ја под­др­жи­ме ко­а­ли­ци­ја­та со Бран­ко Цр­вен­ков­ски“.

СДСМ ПРЕД НО­ВО РАС­ЛО­ЈУ­ВА­ЊЕ?

По­ли­тич­ки­те ана­ли­ти­ча­ри на не­кол­ку па­ти по­со­чи­ле де­ка нај­го­ле­ма­та опо­зи­ци­ска пар­ти­ја по не­кол­ку­те по­ра­зи мо­ра да по­ми­не низ цик­лус на отво­ре­на бор­ба на неј­зи­ни­те фрак­ции. До тоа, се­пак, не дој­де на пос­лед­ни­от кон­грес, кол­ку и од СДСМ да се оби­ду­ва­ат да го при­ка­жат ка­ко та­ков. Се по­кри­ва и вна­треш­но­то раз­и­ду­ва­ње и по­ја­ва на фрак­ци­о­нерс­тво во но­во­то ра­ко­водс­тво, иа­ко на таа функ­ци­ја не е ни­ту ед­на го­ди­на. Иа­ко се сѐ пог­лас­ни нај­а­ви­те де­ка бли­ски­те лу­ѓе на Цр­вен­ков­ски се не­за­до­вол­ни од акту­ел­но­то ра­ко­водс­тво на пар­ти­ја­та, се прет­по­ста­ву­ва де­ка сѐ уште не­ма по­ли­тич­ка и лич­на хра­брост да из­ле­зат со сво­ја ли­ста на из­бо­ри, па гла­са­чи­те да ре­шат ко­ја фрак­ци­ја во СДСМ го има из­бор­ни­от ман­дат.

Де­ка на та­ков по­тег ќе се че­ка и по­на­та­му по­ка­жу­ва и твр­де­ње­то на Ан­дреј Пе­тров де­ка во пар­ти­ја­та не по­сто­јат фрак­ции.

– Не­ма фрак­ции во СДСМ. Ба­рем јас не поз­на­вам та­кви. Не­ма ни­ту ед­на офи­ци­јал­на из­ја­ва на по­ра­не­шен член на по­тес­но­то ра­ко­водс­тво на пар­ти­ја­та (пре­тсе­да­тел, пот­пре­тсе­да­те­ли, ге­не­ра­лен се­кре­тар) во ко­ја се кри­ти­ку­ва се­гаш­но­то пар­ти­ско ра­ко­водс­тво. Ова е со­се­ма спро­тив­но од по­ра­неш­ни­от пер­и­од на мно­гу­број­ни ко­лум­ни и из­ја­ви на по­ра­неш­ни чле­но­ви на врв­но­то ра­ко­водс­тво на СДСМ (пр­ви­те пет­ми­на), кои отво­ре­но нѐ кри­ти­ку­ва­ле за на­чи­нот на во­де­ње на пар­ти­ја­та. И ние тоа го из­др­жав­ме ка­ко ра­ко­водс­тво. Се раз­би­ра, се­кој има пра­во на свое мис­ле­ње, но тоа се­га се иска­жу­ва вна­тре, во ор­га­ни­те на пар­ти­ја­та. Нор­мал­но е во го­ле­ма пар­ти­ја ка­ко СДСМ да по­сто­јат раз­лич­ни пог­ле­ди за тоа ка­ко да се дој­де до цел­та. На крај из­бо­ри­те се ве­ри­фи­ка­ци­ја да­ли одре­де­на стра­те­ги­ја би­ла ус­пеш­на или не. Сѐ дру­го е де­кор – до­да­ва Пе­тров.

Ве­ро­јат­но во тој де­кор ќе вле­зат и на­та­мош­ни згус­ну­ва­ња на со­стој­би­те во СДСМ. Тие, при евен­ту­а­лен лош ре­зул­тат на из­бо­ри­те, пред сѐ, по­ра­ди окруп­ну­ва­ње­то на ВМРО-ДПМНЕ, ка­ко и по­ра­ди при­ти­со­кот на но­ви­те пар­тии што ќе го рас­цеп­ка­ат опо­зи­ци­ско­то гла­сач­ко те­ло, ќе при­до­не­сат за но­ви од­де­лу­ва­ња од пар­ти­ја­та, a со тоа и do но­ви за­гу­бе­ни гла­са­чи на след­ни­те из­бо­ри на СДСМ и, мо­же­би, do ле­ги­тим­ност на но­ва во­деч­ка опо­зи­ци­ска пар­ти­ја.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top