| четврток, 6 декември 2018 |

На Попова Шапка ќе има жичница шестосед

попова шапка

На Попова Шапка ќе се гради жичница шестосед. Тоа го предвидува мастер-планот за развој на Попова Шапка, кој го изработи „ЕЛЕМ“, како општествена одговорна компанија истовремено и како сопственик на овој туристички центар.

Еден од најавените капиталните проекти за годинава е изградба на жичница шестосед. Должината на трасата ќе биде 1.420 метри, капацитет за транспорт на скијачи е 2.400 скијачи на час, а максималниот 3.200 скијачи на час. По должината на оваа жичница ќе бидат изградени три скијачки патеки со вкупна должина од 5.000 метри.

Во рамките на жичницата шестосед во план е да се направи и ски-патека по кој скијачите ќе може да стигнат од крајната точка на жичницата, до планираната почетна точка. Овој зафат е предвиден да се гради во втората фаза од реализацијата на мастер-планот за модернизација на Попова Шапка. Проектот за таа цел е веќе е изработен, а допрва останува да се објави јавен повик за изведувач на изградбата на патот.

За продолжување на ски-сезоната е предвидена и изградба на систем за вештачки снег. За таа цел 2013 година почна изградба на отворен резервоар за вода, која ќе се користи за поддршка на системот од вештачки топов. Изградбата на овој резервоар и системот треба да заврши во октомври 2014 година. Малото вештачко езерце т.е каптажата е со должина 80 м, широчина 100 м, максималната длабочина од 7 метри, и со зафатнината е 32.000 м3. Со оваа количина на вода, ФИС хомологираните патеки за велеслалом и слалом ќе бидат целосно покриени со вештачки снег.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top