Грчкиот заменик-премиер и министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос, во рамките на неговата турнеја низ шест главни града на земјите во западен Балкан, денеска е во Скопје на средби со македонскиот државен врв.
Во својство на претседател на Советот на министри на ЕУ, Венизелос треба да се сретне со претседателот на Република Македонија, Ѓорге Иванов, со премиерот Никола Груевски, со вицепремиерот за евроинтеграции Фатмир Бесими, со шефот на дипломатијата Никола Попоски, како и со лидерите на ДУИ, Али Ахмети, и на СДСМ Зоран Заев.
Венизелос пристигна во Скопје синоќа со автомобил од Приштина. Медиумите во Грција пишуваат дека и покрај тоа што грчката делегација патува со владиниот авион, во Скопје доаѓа со автомобил „за да не мора да слета на аеродромот кој се вика Александар Велики“.
Шефот на грчката дипломатија од Скопје ќе се врати во Приштина од каде што со авион ќе замине за Тирана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.