Норвешкиот биатлонец Емил Свендсен победи во фотофиниш на денешната биатлонска трка на 15 климометри во масивен старт на Зимските олимписки игри во Сочи со време од 42.29.01 минути пред најдобриот биатлонец во Сочи, кој досега освои две златни медали – Французинот Мартин Фуркад. Свендсен победи во фотофиниш со само неколку сантиметри предност пред Фуркад. На третото место се пласираше Чехот Онджеј Моравец со заостанување од 13,8 секунди. Временските услови беа тешки за натпреваривачите бидејќи од утринските часови во Сочи врне обилен снег, а наместа стазата беше и под магла.
Во генералниот пласман во Светскиот куп во оваа сезона води Фуркад пред Свендсен. Со овој сребрен медал Фуркад е на водечкото место по бројот на освоени медали на ЗОИ во Сочи. Французинот до крајот на Игрите ќе има можност да се закити со уште две медали бидејќи ќе учествува во мешаната штафета за Франција и во штафетата на својата земја во машка конкуренција.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Автомобил влета среде пешаци – еден загинат во Сочи (ВИДЕО)
-
Илјадници девојки скијаат и бордаат скоро голи: Рускиот фестивал Богел – Вогел е рај за машки очи (фото)
-
Патеката во Сочи останува во календарот на Формула 1 до 2025 година
-
Исклучена е можноста за терористички напад како причина за падот на рускиот авион