| четврток, 6 декември 2018 |

Свендсен пред Фуркад на биатлонот на 15 километри

Biathlon

Норвешкиот биатлонец Емил Свендсен победи во фотофиниш на денешната биатлонска трка на 15 климометри во масивен старт на Зимските олимписки игри во Сочи со време од 42.29.01 минути пред најдобриот биатлонец во Сочи, кој досега освои две златни медали – Французинот Мартин Фуркад. Свендсен победи во фотофиниш со само неколку сантиметри предност пред Фуркад. На третото место се пласираше Чехот Онджеј Моравец со заостанување од 13,8 секунди. Временските услови беа тешки за натпреваривачите бидејќи од утринските часови во Сочи врне обилен снег, а наместа стазата беше и под магла.

Biathlon

Во генералниот пласман во Светскиот куп во оваа сезона води Фуркад пред Свендсен. Со овој сребрен медал Фуркад е на водечкото место по бројот на освоени медали на ЗОИ во Сочи. Французинот до крајот на Игрите ќе има можност да се закити со уште две медали бидејќи ќе учествува во мешаната штафета за Франција и во штафетата на својата земја во машка конкуренција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top