| четврток, 6 декември 2018 |

Автомобил влета среде пешаци – еден загинат во Сочи (ВИДЕО)

Едно лице загина, а три се повредени денеска откако автомобил влета меѓу пешаци на тротоар во Сочи. Се работи за 63-годишен жител на овој руски град. Првичната истрага покажала дека возачот најверојатно заспал позади воланот и така ја предизвикал кобната несреќа.

Инцидентот се случи во близина на стадионот каде во сабота ќе се игра четвртфиналниот меч помеѓу Хрватска и Русија.

Минатиот месец, таксис кој исто така заспал возејќи, влета во толпа луѓе во Москва и повреди седум лица.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top