Грчки државјанин се обидел да прошверцува античка монета на скопскиот аеродром „Александар Велики“, информираат од Царинската управа. На барање на аеродромската рентген служба, царинските службеници направиле контрола на багажот на патникот, при што пронајдени се монети од поново време, што немаат вредност, но при извршениот личен претрес на патникот, во џеб од неговата јакна пронајдена е една монета од антички период, за која патникот не поседувал никаков документ за потекло. Заради утврдување на потеклото на монетата, истата ќе биде предадена на вештачење во Управата за заштита на културно наследство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.