| четврток, 6 декември 2018 |

Тачи: Повторно ќе бидам премиер

hasim-taci-

Косовскиот премиер Хашим Тачи во ексклузивно интервју за радиотелевизија „Косово“ изјави дека е уверен оти ќе биде премиер по трет пат, јави „Танјуг“.

Тој истакна дека иницијативата на Алијансата за иднината на Косово на Рамуш Харадинај за отповикување на Владата на Косово влијаела да се оди на предвремени избори.

– Косовската влада е стабилна, но во Парламентот има нездрави вплеткувања. Се надевам дека сите во политичкиот спектар на Косово имаат за цел координирано дејстување, а не изненадувања – рече Тачи.

Премиерот на Косово не го соопшти датумот на изборите, туку напомена дека тој ќе се одреди на заеднички состанок на сите политички партии.

Косовскиот премиер истакна дека нема непријатели во политиката и ја остави можноста за коалиција со сите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top