РК Вардар во претпоследното коло од групната фаза во Лигата на шампионите лесно со 32-25 го совлада фенерџијата во групата Ц Вакер Тун. Во текот на сите 60. минути македонскиот шампион играше без резултатски притисок, бидејќи уште во претходното коло со победата над Динамо Минск успеа да се пласира во топ 16 фазата од ова натпреварување.
Тренерот Раул Гонзалес им даде шанса на повеќето играчи кои ги имаше на располагање за овој меч. Единствено во ниту еден момент не доби шанса првиот голман Страхиња Милиќ и Митко Стоилов. Денеска на голот беше ветеранот Петар Ангелов кој се покажа во одлично светло спречувајќи неколку зицери на противникот и во текот на 60. минути одбрани 12 топки. Дури 13 ракометари се запишаа во листата на стрелци, а нив ги водеше Игор Карачиќ со шест гола. Шест ракометари постигнаа по три гола, Петриќ, Брумен, Стоилов, Лазаров, Марковиќ и Дибиров.
„Комитите“ кои дојдоа во голем број на коректен начин ги бодреа своите миленици, без никакви инциденти и непристојно навивање.
Со оваа победа Вардар останува во трката за второто место на табелата и со тоа да добие полесен противник во
дрежпата за осминафиналето.
Кај гостите од Швајцарија Дешванден беше нерешлива енигма за одбраната и голманот Ангелов постигнувајќи дури осум голови.
Следното коло вардарци гостуваат во Париз на мегдан со директниот конкурент за второто место во групата тимот на ПСЖ.
Во првиот натпревар одигран во Скопје натпреварот заврши нерешено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


