| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се обновува манастирскиот конак во Св.Никола во Љубанци

beti kanceska 3
Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска го посети манастирот Свети Никола во село Љубанци сместен на падините на Скопска Црна Гора. Годинава со средства на Министерството за култура предвидена е конзервација и реставрација на стариот конак во овој манастир, кој поради својата вредност е споменик на културата заштитен со закон.
– Манастирскиот комплекс на црквата Свети Никола од село Љубанци е еден од

приоритетите во годишната програма на Министерството за култура. Минатата година се изврши целосен увид на состојбата на конакот, кога се увиде дека е во многу лоша состојба.

Токму поради тоа надлежната установа Конзерваторски центар Скопје направи проценка на

состојбата и изготвија проект за постојната состојба –  изјави Канческа-Милевска.

Таа најави дека годинава треба да се направи демонтажа на покривот и изградба на потпорен ѕид, а ќе се објави и тендер за реставрација и конзервација на конакот. Иконостасот во црквата, кој е изработен од познатиот мијачки мајстор Дичо Зограф, е целосно реставриран и конзервиран од страна на надлежната институција.  Ќе се реставрира стариот конак во манастирот, според министерката, до крајот на наредната година треба да го видиме манастирскиот конак во автентична состојба кој ќе може да прими повеќе посетители.

Манастирот Св. Никола во село Љубанци, сместен на падините на Скопска Црна Гора е комплекс од градби од 19 и 20 век.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top