| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ може и без медиуми

Цен­та­рот за ко­му­ни­ка­ции на СДСМ, пар­ти­ја во ко­ја се прет­ста­ву­ва­ат ка­ко бор­ци за сло­бо­да на ме­ди­у­ми­те, ре­ша­ва кој, ко­га, ка­де и да­ли е по­треб­но ин­терв­ју. Та­ка ја по­драз­би­ра ме­ди­ум­ска­та сло­бо­да. И тоа не са­мо за пар­ти­ски­те чле­но­ви, ту­ку и за тие што се из­бра­ни и од­го­ва­ра­ат пред јав­но­ста од ко­ја по­втор­но ќе го ба­ра­ат гла­сот. Ва­кви­от од­нос на СДСМ не е нов. Тој по­тсе­ту­ва на ед­на дру­га, ска­по пла­те­на про­гра­ма

Чле­но­ви на СДСМ, па и тие што се прет­став­ни­ци и из­бра­ни од на­ро­дот во пар­ла­мен­тот, не сме­ат да се по­ја­ват во ме­ди­у­ми без доз­во­ла на Цен­та­рот за ко­му­ни­ка­ции. До­кол­ку ова ви зву­чи не­ве­ро­јат­но, уште по­не­ве­ро­јат­но ќе ви зву­чи де­ка од Цен­та­рот, пак, на пис­ме­но ба­ра­ње доз­во­ла за ин­терв­ју (!?) со пра­те­ник во Со­бра­ни­е­то на Ре­пуб­ли­ка Ма­ке­до­ни­ја, ќе ви од­го­во­рат (се­ка­ко, по те­ле­фон) и де­ка „пра­те­ни­кот не са­кал“, по­тоа „де­ка пра­ша­ња­та се ве­ќе од­го­во­ре­ни“ и де­ка „не­ма по­тре­ба за ин­терв­ју“.

Да се раз­бе­ре­ме, ста­ну­ва збор за нај­го­ле­ма опо­зи­ци­ска пар­ти­ја, ко­ја ин­си­сти­ра на сме­на на „не­де­мо­крат­ска­та“ власт во Ма­ке­до­ни­ја. Пар­ти­ја што ин­си­сти­ра да при­ка­же но­ва про­гра­ма на но­во­то ра­ко­водс­тво. Пар­ти­ја што ду­зи­на­та из­бор­ни но­ка­у­ти ги прав­да со „кри­ми­нал­ни из­бо­ри“, кои са­мо тие ги гле­да­ат ка­ко та­кви, ме­ѓу дру­го­то и по­ра­ди скра­тен про­стор во ме­ди­у­ми­те – и јав­ни­те и при­ват­ни­те.

Со­ци­јал­де­мо­кра­ти­те во Ма­ке­до­ни­ја че­ка­ат од Цен­та­рот за ко­му­ни­ка­ци­ја да им би­де по­со­че­но на кои ме­ди­у­ми да го спо­де­лат тоа што прет­ход­но им е по­со­че­но. На­ред­ба­та е да се бе­га од дру­ги­те ме­ди­у­ми. Ка­ко што но­ви­от ли­дер За­ев им из­бе­га на ме­ди­у­ми­те во Бри­сел, но по­пра­вен, ис­пра­вен и на­до­пол­нет да­де из­ја­ва за ме­ди­у­ми­те на СДСМ. А, тоа е не­воз­мож­но во ме­ди­у­ми­те што не им се под ка­па­та. За­тоа дру­ги­те ме­ди­у­ми се „не­де­мо­крат­ски“, „нес­ло­бод­ни“, „ре­жим­ски“, „пла­те­ни“.

А тоа, се­ка­ко, не при­ле­га на пар­ти­ја што се бие в гра­ди де­ка ќе ја сме­ни вла­ста, де­ка има но­ва по­ста­ва и но­ва про­гра­ма, ко­ја е кро­е­на за јав­но­ста од ко­ја оче­ку­ва глас за под­др­шка. Пар­тии со та­кви ка­ра­кте­ри­сти­ки не бе­га­ат од ме­ди­у­ми, тие, на­ви­сти­на, са­ка­ат ме­ди­ум­ско вни­ма­ние – осо­бе­но по­го­лем про­стор за ин­терв­јуа со неј­зи­ни чле­но­ви.

Во од­не­су­ва­ње­то на СДСМ е нај­ин­те­ре­сен фа­ктот што не се од­би­ва ин­терв­ју – ту­ку се бе­га. Се игра ми­жи­та­та­ра. Но­ви­нар­ско­то искус­тво во пос­лед­ни­те три ме­се­ци во не­дел­ни­кот „Ре­пуб­ли­ка“ при до­го­ва­ра­ње ин­терв­јуа со чле­но­ви на СДСМ се од­ви­ва во три стап­ки: Слу­ша­ње со по­ли­тич­ки­те прет­став­ни­ци од опо­зи­ци­ја­та; На­чел­но при­фа­ќа­ње и до­го­ва­ра­ње ин­терв­ју, со тоа што опо­зи­ци­о­не­рот се­ко­гаш има „не­што“ са­мо да рас­чи­сти на­бр­зи­на, со нај­а­ва за слу­ша­ње за кра­тко; Не­од­го­ва­ра­ње од по­ли­ти­ча­рот на те­ле­фон­ски­те по­ви­ци на но­ви­на­рот.
Ова од­не­су­ва­ње ста­на својс­тве­но за ед­на по­ло­ви­на од пра­те­нич­ка­та гру­па на СДСМ, ка­ко и на дел од ра­ко­водс­тво­то. Ме­ѓу нив се и Ја­ни Ма­кра­ду­ли, Игор Ива­нов­ски, Дам­јан Ман­чев­ски. Со тоа што се ја­ву­ва­ат на оби­чен не­поз­нат при­пејд-број, но се вра­ќа­ме на пр­ва­та ста­вка.

Има и та­кви што се мал­ку по­о­тво­ре­ни, па ве­лат де­ка не са­ка­ат или ба­ра­ат вре­ме да раз­мис­лат. На при­мер, На­та­ша Са­во­ва и Еми­ли­јан Стан­ко­виќ.

 

Ко­неч­но – по­ба­рај доз­во­ла

Со ва­кво искус­тво со СДСМ се здо­би­ва­ат сѐ по­ве­ќе но­ви­на­ри и од дру­ги ме­ди­у­ми, кои не се под ка­па­та. Се­пак, по­ве­ќе на­мер­но откол­ку слу­чај­но, пра­те­ни­кот од СДСМ Го­ран Мин­чев не­о­дам­на на авто­рот на овие ре­до­ви, во обид да до­го­во­ри ин­терв­ју, му пре­до­чи: „Ај­де пр­во по­ба­рај доз­во­ла од Цен­та­рот за ко­му­ни­ка­ции, па по­тоа, ако доз­во­лат, ќе да­дам ин­терв­ју“. Пра­шан за се­ри­оз­но­ста на из­ја­ва­та, Мин­чев на два­па­ти го по­вто­ри исто­то.

И еден ме­сец по­доц­на, по­ра­неш­ни­от ге­не­ра­лен се­кре­тар на пар­ти­ја­та Мин­чев, еден од ре­тки­те опо­зи­ци­о­не­ри што се по­сто­ја­но до­стап­ни, го по­вто­ри исто­то: „Јас ве на­со­чив и ми­на­ти­от пат, пр­во во Цен­та­рот за ко­му­ни­ка­ции, да се до­бие доз­во­ла, па по­тоа ќе на­пра­ви­ме ин­терв­ју. Не е проб­лем, са­мо се има ред, не­ли, ние сме ор­га­ни­зи­ра­ни…“.

Од Цен­та­рот за ко­му­ни­ка­ции по вто­ро­то на­ше те­ле­фон­ско „ба­ра­ње доз­во­ла“ по­ба­раа офи­ци­јал­но ба­ра­ње пре­ку еле­ктрон­ска по­шта, со на­ве­де­ни пра­ша­ња, те­ми, кој, ко­га, ка­де, а, се­пак, „Ре­пуб­ли­ка“ не бе­ше удо­сто­е­на со пис­мен од­го­вор. Се раз­би­ра, не дој­де до ин­терв­ју.

Овие два раз­го­во­ра со ист од­го­вор, ка­ко и од­не­су­ва­ње­то од Цен­та­рот за ко­му­ни­ка­ции, во се­бе со­др­жат мно­гу по­ве­ќе ци­ни­зам за функ­ци­о­ни­ра­ње­то на СДСМ и за не­го­ви­от од­нос кон ме­ди­у­ми­те од ци­низ­мот во си­те нив­ни на­ста­пи за­ед­но во кои ја оце­ну­ва­ат сло­бо­да­та на ме­ди­у­ми­те во зем­ја­та.

Од не­о­дам­на но­си­те­лот на не­фор­мал­на­та ти­ту­ла злат­на бур­ги­ја за зас­лу­ги на уг­ле­дот на опо­зи­ци­ја­та, Пе­тре Ши­ле­гов, за­ед­но со дру­ги­те од ста­ра­та гар­да, не доз­во­лу­ва пи­ле да пре­ле­та до не­кон­тро­ли­ран, не­просдс­мов­ски ме­ди­ум.

Це­ла­та сто­ри­ја на­ве­ду­ва на тоа де­ка но­ви­от ве­тер во СДСМ не до­не­се ни­што но­во. Ве­ро­јат­но за­тоа не им тре­ба­ат дру­ги ме­ди­у­ми за по­ши­ро­ка пре­зен­та­ци­ја. Но, да­ли со за­по­ста­ву­ва­ње на ме­ди­у­ми­те, во СДСМ не се отво­ра те­рен за спро­ве­ду­ва­ње на ед­на дру­га, поз­на­та про­гра­ма, да­ле­ку од очи­те на јав­но­ста? Да­ли се на­ѕи­ра за­ме­на на про­гра­ма­та на „но­ви­те мом­ци“, кои беа најг­лас­ни за сме­на на Цр­вен­ков­ски, со вра­ќа­ње на стра­те­ги­ја­та „На­деж“?

 

На­деж­та пос­лед­на уми­ра

Да се по­тсе­ти­ме, „На­деж“ е име­то на стра­те­ги­ја­та на СДСМ, пла­те­на со 340.000 евра на­род­ни па­ри, со ко­ја ме­сто со из­бор­на про­гра­ма, пар­ти­ја­та тре­ба со при­ти­сок и на­си­ла да ја за­зе­ме вла­ста. Ед­на по­ло­ви­на од таа пла­тфор­ма се со­стои од ди­рект­на или ин­ди­рект­на зло­у­по­тре­ба на ме­ди­у­ми. За по­стиг­ну­ва­ње на таа цел тре­ба да се пла­си­ра­ат ин­фор­ма­ции де­ка кла­сич­ни­те ме­ди­у­ми се ко­рум­пи­ра­ни и за­тоа тре­ба да се ко­ри­стат но­ви; тре­ба да се ан­га­жи­ра­ат ме­ди­у­ми и европ­ски нев­ла­ди­ни ор­га­ни­за­ции за да се при­ка­же де­ка е за­гро­зе­на сло­бо­да­та на ме­ди­у­ми­те и де­ка се зло­у­по­тре­бе­ни за вла­ди­ни це­ли; ка­ко и да се фор­ми­ра­ат но­ви ме­ди­у­ми со па­ри од Фон­да­ци­ја­та на Со­рос, Ин­сти­ту­тот отво­ре­но оп­штес­тво.

Со „На­деж“ беа прет­про­гра­ми­ра­ни и ди­ја­ло­зи­те за Ма­ке­до­ни­ја, ан­ти­фа­ши­стич­ки­те по­ра­ки кон вла­ста на си­те ни­воа, дејс­тву­ва­ње­то на раз­но­раз­ни рас­пе­а­ни гру­пи. Неј­зи­но­то пос­лед­но акти­ви­ра­ње ја до­ве­де др­жа­ва­та на ра­бот на бра­то­у­бис­тве­на вој­на, а пар­ти­ја­та оста­на без мно­гу­број­ни вид­ни чле­но­ви.

Да­ли мол­кот од СДСМ на­со­чен не са­мо кон „Ре­пуб­ли­ка“, ту­ку и кон си­те ме­ди­у­ми што не се под ди­рект­на уре­ду­вач­ка по­ли­ти­ка на СДСМ, е во­вед во вра­ќа­ње­то на пла­тфор­ма­та „На­деж“, а со тоа чи­сте­ње на па­тот од но­ви­те мом­ци за веч­ни­от ли­дер? Ќе по­ка­же вре­ме­то. Се­га се на ред ток­му тие што најг­лас­но ба­раа рас­чи­сту­ва­ње со вкуп­на­та „На­деж“. Се­пак, од­но­сот кон ме­ди­у­ми­те ќе би­де пре­су­ден.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top