Вестите за смрт на животни и нивно малтретирање продолжуваат да се зголемуваат кога е во прашање зоолошката градина „Сурабаја“ во Индонезија, која дури ја нарекуваат и зоолошка градина на смртта и најлошата зоолошка градина во светот.
Судејќи според портпаролот на зоолошката градина, барем 105 животни умреле од јули 2013 година. Меѓутоа, самата смрт не е најголемиот проблем, туку начинот на кој животните умираат.
Минатиот месец осумнаесетомесечниот лав Мајкл беше пронајден обесен во својот кафез откако наводно се заплеткал меѓу каблите што се користеле за отворање на вратата од кафезот.
Пред само неколку дена во градината, од непознати причини, умре и комодо змај, додека пред една недела животот го загуби и белата тигрица Чандрика, најверојатно од лошиот третман на медицинскиот тим во зоолошката градина.
Од друга страна, еден од чуварите во градината, Тони Сумампау, мисли дека подобрувањата се можни, но, исто така, изрази и загриженост.
– Ако го сменат поголемиот дел од персоналот и луѓето од менаџментот и ангажираат професионалци да раководат со работите, мислам дека промените на подобро можат да се случат – изјави тој за „Би-Би-Си“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.