| четврток, 6 декември 2018 |

Ахмети: ДУИ останува на ставот за консензуален претседател

ahmeti

ДУИ останува на ставот за консензуален кандидат за претседател на претстојните избори, потврди лидерот на партијата Али Ахмети по денешната средба со известувачот на ЕП за Македонија, Ричард Ховит.

– Ние претставивме една идеја. Идејата  сѐ уште е на маса и нема да се помрднеме од нашата идеја и очекуваме страните да рефлектираат по овој предлог. На земјата ѝ треба кандидат што би бил прифатлив за сите и еднаш засекогаш да го затвориме тоа поглавје во кое некоја од страните го доведува во прашање изборот на претседателот – изјави Ахмети.
За да бидам правилно разбран, нагласи Ахмети, би сакал да истакнам дека двете страни кои ја имаат легитимноста кај двете најголеми заедници во земјата, а тоа е ДУИ кај Албанците и ВМРО-ДПМНЕ кај Македонците,  треба да седнат и да постигнат консензуален договор.
На прашањето дали разговарал со премиерот Никола Груевски за прашањето за името, Ахмети информира дека разговарал со сите страни за ова значајно прашање.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top