ДУИ останува на ставот за консензуален кандидат за претседател на претстојните избори, потврди лидерот на партијата Али Ахмети по денешната средба со известувачот на ЕП за Македонија, Ричард Ховит.
– Ние претставивме една идеја. Идејата сѐ уште е на маса и нема да се помрднеме од нашата идеја и очекуваме страните да рефлектираат по овој предлог. На земјата ѝ треба кандидат што би бил прифатлив за сите и еднаш засекогаш да го затвориме тоа поглавје во кое некоја од страните го доведува во прашање изборот на претседателот – изјави Ахмети.
За да бидам правилно разбран, нагласи Ахмети, би сакал да истакнам дека двете страни кои ја имаат легитимноста кај двете најголеми заедници во земјата, а тоа е ДУИ кај Албанците и ВМРО-ДПМНЕ кај Македонците, треба да седнат и да постигнат консензуален договор.
На прашањето дали разговарал со премиерот Никола Груевски за прашањето за името, Ахмети информира дека разговарал со сите страни за ова значајно прашање.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.