Што да се купи на саканото лице за Валентин, се прашуваат многумина. А што никогаш не смеете да подарувате?
Со оглед на тоа дека се работи за романтичен ден и подароците треба да бидат такви. Тоа значи дека веднаш можете да заборавите на ултра практични дарови како четки, прибор за миење чинии, моторни пили и слично.
Не е лошо да се избегнат и шеговитите подароци. Тоа вклучува и иронични лоши подароци како што се чорапи, марамчиња или фломастери. Такви шеговити подароци може да функционираат во други пригоди, но за Валентин, сепак, подобро е да се држите до романтиката.
Со цвеќе, иако знае да биде предвидливо, тешко може да погрешите. Меѓутоа, немојте тоа да ви помине во навика. Ако веќе седум години ѝ купувате рози на сопругата, можеби е време оваа година да измислите нешто пооригинално. И секогаш вложете малку труд, немојте само да го соберете првиот букет што ќе ви дојде на рака.
Никогаш не купувајте работи, кои на кој било начин можат да ја навредат вашата партнерка или партнер. Во таа категорија спаѓаат, на пример, членарини за фитнес центар, тоа не е баш суптилен начин на својата најмила да ѝ кажете дека се здебелила, освежувач за здив, порнографски филмови и слично.
Дарувањето пари исто така е лоша идеја. – Еве ти 1000 денари па купи си што ти се допаѓа, е реченица која никого нема да го одушеви. Намерите, можеби, ви се добри, но ќе оставите впечаток дека не сте сакале да купите подарок.
Домашни миленичиња? Кутрињата и мачињата можат да бидат слатки, но се работи и за голема одговорност. Прашајте се дали вашата врска дошла до таа точка на некого да можете да му подарите животно? И дали сте сигурни дека знаете да изберете соодветно милениче?
Конечната одлука треба сами да ја донесете. Слично правило важи и за тетоважите со име на саканото лице. Ако доволно долго сте во врска, можеби ќе го одушевите. Ако до сега сте биле на три средби, најверојатно никогаш повеќе нема да ве покани.
Дали сакате вашата најмила или најмил да го почестите со вечера, тоа нека биде некој добар ресторан, а не буркџилница на трамвајска станица. Посебно е убаво ако за тоа место ве врзуваат добри спомени, а важи и обратното – избегнувајте места на кои пред пет месеци сте почувствувале мачнина по јадењето, бидејќи ве измамиле со сметката.
И на крајот на краиштата, никако не смее да ви се случи да не купите баш ништо. Дури и ако саканото лице вели дека оваа година не сака никаков подарок, поради штедење или некоја друга причина, купите и барем некаква дребулија. Пријатното изненадување никому никогаш не пречело.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.